Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа
јуни 05 14:05 2023

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина  Берово, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден  05.06.2023 година се објавува:

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Социјални услуги за еднакви можности”  за вклучување/работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци  заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Берово.

Евидентираните невранботени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.

Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на  работниот ангажман од 6 (шест)месеци/ 9(девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата .

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

  • Долгорочно невраборени лица( над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
  • Млади лица до 29 години
  • Невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Коронавирусот COVID-19
  • Лица корисници на гарантирана минимална помош
  • Жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етничките заедници
  • Лица припадници на ромска етничка заедница
  • Лица корисници на паричен надоместок по основ на неврабореност
  • Лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
  • Самохрани родители
  • Родители на 3 и повеќе деца

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

Работно место 1: : Неговател/ка на деца од предучилишна возраст

Позиции за работно место 1: 4 позиции

Потребни квалификации и занимања за Работно место 1:

Четиригодишно средно училиште: средно медицинско училиште, средно образование-насока гимназија,средно музичко училиште,средно ликовно училиште, средно фискултурно училиште/ со лиценца за  работа  со деца од предшколска возраст. Право на учество во Програмата “Општинско-корисна работа ”имаат невработени лица кои се евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, при што приоритет ќе имаат соодветните целни групи дефинирани во Програмата.

Работно место 2: Неговател/ка за стари лица во Домот за стари лица/геронтодомаќин

Позиции за работно место 2: 2 позиции

Потребни квалификации и занимања за Работно место 2:

Четиригодишно средно училиште. Право на учество во Програмата “Општинско-корисна работа ”имаат невработени лица кои се евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, при што приоритет ќе имаат соодветните целни групи дефинирани во Програмата.

Работно место 3: Лични асистенти на деца со телесна и интелектуална попреченост во Малиот групен дом

Позиции за работно место 3: 2 позиции

Потребни квалификации и занимања за Работно место 3:

Четиригодишно средно училиште. Право на учество во Програмата “Општинско-корисна работа ”имаат невработени лица кои се евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, при што приоритет ќе имаат соодветните целни групи дефинирани во Програмата. 

Работно место 4: Неговател на стари и изнемоштено лица-палијативна нега

Позиции за работно место 4: 2 позиции

Потребни квалификации и занимања за Работно место 4:

Основно образование, средно тригодишно или четиригодишно средно училиште. Право на учество во Програмата “Општинско-корисна работа ”имаат невработени лица кои се евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, при што приоритет ќе имаат соодветните целни групи дефинирани во Програмата. 

Работно место 5: Неговател на стари и изнемоштено лица-алцхајмер

Позиции за работно место 5: 2 позиции

Потребни квалификации и занимања за Работно место 5:

Основно образование, средно тригодишно или четиригодишно средно училиште. Право на учество во Програмата “Општинско-корисна работа ”имаат невработени лица кои се евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, при што приоритет ќе имаат соодветните целни групи дефинирани во Програмата

Работно место 6: Неговател на стари и изнемоштено лица-мултиплекс склероза

Позиции за работно место 6: 2 позиции

Потребни квалификации и занимања за Работно место 6:

Основно образование, средно тригодишно или четиригодишно средно училиште. Право на учество во Програмата “Општинско-корисна работа ”имаат невработени лица кои се евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, при што приоритет ќе имаат соодветните целни групи дефинирани во Програмата

Работно место 7: Фасилитатор за координација и поддршка на социјални услуги во народна кујна

Позиции за работно место 7: 2 позиции

Потребни квалификации и занимања за Работно место 7:

Основно образование, средно тригодишно или четиригодишно средно училиште. Право на учество во Програмата “Општинско-корисна работа ”имаат невработени лица кои се евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, при што приоритет ќе имаат соодветните целни групи дефинирани во Програмата

Работно место 8: Фасилитатор за оддржливи социјални услуги на ранливи категории

Позиции за работно место 8: 1 позиции

Потребни квалификации и занимања за Работно место 8:

Средно тригодишно или четиригодишно средно училиште. Право на учество во Програмата “Општинско-корисна работа ”имаат невработени лица кои се евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, при што приоритет ќе имаат соодветните целни групи дефинирани во Програмата

Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Берово во периодот од 05.06.2023 година до 09.06.2023 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Берово и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Берово кај лицето Ѓорѓи Пеовски , Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Берово  кај лицето Марија Тренчовска,  Центар за социјлна работа Берово кај лицето Даринка Шоповска Ружинскa.

Општина Берово

Градоначалник

Звонко Пекевски

  Категории: