ВО БЕРОВО ПРЕЗЕНТИРАНА КАМПАЊАТА „ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ“

ВО БЕРОВО ПРЕЗЕНТИРАНА КАМПАЊАТА „ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ“
септември 29 17:34 2022

На две локации во Берово, денес беше презентирана кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач“ која што ја спроведуваат СОС „Детско село“, Министерството за труд и социјална политика (МТСП), во соработка со центрите за поддршка и Локалните самоуправи, каде главна цел е зголемување на бројот на згрижувачки семејства во државата.

Како што истакна раководителот на центарот за поддршка на згрижувачки семејства „11 Октомври“ згрижувањето е форма на грижа која што долги години постои во нашата држава и има своја традиција, но неминовно е да се развива оваа форма бидејќи целта е да нема деца во рамки на институциите туку секое дете кое што има потреба од грижа, да биде згиржено во згрижувачко семејство кое што е најблиска средина до биолошкото семејство.

-Во нашата држава веќе една година постијат три центри за поддршка на згрижувачките семејства. Денешната посета во Берово е во рамки на националната кампања, која што се спроведува преку проект на СОС „Детско село“ во соработка на сите три центри и со поддршка на МТСП. Целта на оваа кампања е токму развивање и ширење на мрежата на згрижувачки семејства низ целата држава.Со оглед на тоа дека градот Берово е град којшто е во рамки на центарот за поддршка при јавната установа Детски дом „11 Октомври“ до Скопје, односно Центарот за Социјална работа во Берово кој соработува со овој центар и главната посета е токму на еден ваков начин непосредно да се приближиме до граѓаните, да ја објасниме улогата и значењето на згрижувањето како форма на заштита на децата без родители и родителска грижа и на секое друго дете кое од различни причини се јавува во одреден ризик и има потреба да биде згрижено со овој вид на форма – истакна Ана Панчева, раководителот на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства „11 Октомври“.

Александра Мојсова претставник од СОС „Детско Село“ додаде дека во моментот има 574 згрижени деца во 324 згрижувачки семејства во државата, од кои во Малешевијата има само едно семејство.

-Важна е поддршката од Локалните самоуправи кои што навистина покажуваат исклучителен проактивен однос кон нас за што сме многу благодарни. Згрижувањето е една форма на заштита која што се покажува како најуспешна и дефинитивно носи многу бенифити, како за семејствата така и за децата, а во позадина заеднички се прават напори за уште повеќе да се подобрат условите на згрижувачките семејства и самите деца. Начинот на кој што општините се вклучуваат во оваа кампања е многу важаен и тоа на различни начини вклучување на активности на згрижувачките семејства во годишните програми на Локалните самоуправи, може да биде еднократна парична помош, летен одмор или како што градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски предложи по 5000 денари личен надоместок за згрижувачките семејства. Во Малешевијата досега има само едно згрижувачко семејство, но сметаме дека според нашите проценки капацитетите се многу поголеми за згрижувачки семејста, посебно земено во предвид стручната поддршка која што ја добиваат покрај финансиската поддршка на месечно ниво – истакана Александра Мојсова, специјалист за застапување и комуникации при СОС „Детско Село“.

Љубица Арсова Аврамовска која е згрижиувач од Струмица во СОС „Детско село“ и која досега има згрижено 15 деца, упати апел до сите Беровчани и сите граѓани во државата да пружат рака и да згрижат дете, бидејќи како што вели од тоа поубаво нема.

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски ја поздрави кампањата и најави парична поддршка од Општината за сите згрижувачки семејтва, за кои верува дека после оваа кампања нивниот број ќе се зголеми.

-Општина Берово постојано работи на социјалната заштита на локално ниво, овозможувајќи постојано нови услуги преку програмата за Социјална заштита.Верувам дека кампањата ќе биде успешна и после овој настан Берово ќе биде дел од успешната приказна на згрижувачки семејства. Секое дете ќе биде заштитено од евентуално насилство и злоупотреба, ќе има топол дом и ќе биде соодветно згрижено. Од страна на Општината ќе бидат превземени сите соодветни мерки за да им се даде поддршка на згрижувачките семејства, а се разбира како градоначалник на Берово, ќе предложам соодветна мерка преку Програмата за социјална заштита, со цел семејствата да добијат соодветен паричен надоместок од Општината. Искрено верувам дека бројот на згрижувачки семејства во општината ќе расте, овозможувајќи им правилен психо-социјален развој на децата, во услови најблиски до биолошкото семејство и градејќи едно општество за сите – рече Градоначалникот Пекевски. и преку институциите во општината.

Кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач“ се организира во 25 општини во Република Македонија, каде досега е презентирана во 10 градови, додека ќе се спроведува секоја година со различни активности во соработка со центрите за поддршка, МТСП и Локалните самоуправи.

  Категории: