Малеш Нет е веб страница која е единствено информативно гласило во Берово и Малешевијата и е една од првите веб страници во Источна Македонија.

Целта на постоењето на оваа веб страница е од јавен интерес за граѓаните со цел типична и навремена информација.

Веб порталот “Maleshnet.mk“ има за цел да понуди информативно, едукативна содржина која ќе го збогати општественото и културно живеење во нашиот град и пошироко, да внесе позитивна енергија и објективност во македонскиот етер.

Во сеќавање на основачот на Малеш – Нет

Зоран Двојаковски (1971-2016)

Под первезот на суровата игра на животот се раѓаат најголемите борци. Неговиот живот беше преточен во борба, вдахнат со ентузијазам за подобро утре. Човечен спрема нечовечните, но исто толку критичен и мудар да зборува отворено за проблемите кои го тиштеа него и неговото опкружување.

Се бореше за правата на лицата со посебни потреби, го формираше првиот интернет портал во Берово кој беше од информативен карактер. Неуморно работеше ги раскажуваше приказните на малиот човек низ призмата на вистината.

Уметноста, сликарството беа негова пасија. Рокенролот филозофија на живот. Дружељубивоста негова особина. Зоки беше народен човек , сакан и почитуван од сите. Неговата харизма и недостасува на беровската чаршија.

Недостасува убавиот збор, пивото испиено со тебе НИ НЕДОСТАСУВАШ ТИ.

Нам ни останува да го зачуваме споменот за тебе. Со рестартирањето на твојата страна сме чекор поблиску.