ЕКОЛОШКА АКЦИЈА НА УМС ВМРО ДПМНЕ ОД БЕРОВО НА СПОМЕНИКОТ НА АЦО КАРАМАНОВ.

ЕКОЛОШКА АКЦИЈА НА УМС ВМРО ДПМНЕ ОД БЕРОВО НА СПОМЕНИКОТ НА АЦО КАРАМАНОВ.
април 03 16:52 2021

УМС ВМРО ДПМНЕ од Берово денес спроведе еколошка акција за уредување и чистење на споменикот на Ацо Караманов во с.Смојмирово кој долго време беше запуштен.

Како што истакнаа од партијата, ова е пример како треба да изгледа секое спомен обележје на секој деец преку текот на цела година, упатувајќи револт спрема општинските власти во Берово за негрижата и состојбата на спомениците од нивна страна.

– Со денешната акција на чистење и уредување на спомен обележјето на Ацо Караманов во близина на с.Смојмирово УМС при ВМРО ДПМНЕ им даде пример на општинските власти како би требало да изгледа преку целата година спомен обележјето на секој загинат јунак кој животот го дал за денешната слобода и за нашата Македонија, а не само во деновите кога треба да одбележиме некоја годишница и да се сликаме за медиумите.Го исчистивме Споменикот, ги исековме обраснатите дрвја и гранки наоколу и засадивме дрвца,е вака се сака Македонија и нејзините дејци и нејзините деца!” – додадоа од партијата.

Ацо Караманов е македонски деец ,поет од редот на алејата на патриотите и револуционер кој загинал на свои 17 год во извидничка акција во близина на с.Смојмирово,Берово.

Се приклучува во почетокот на септември 1944та година на 13та Македонска бригада и партизанувал само 30тина дена пред да биде тешко ранет во извидничка акција против германскиот фашистички окупатор, каде подоцна бил и зверски избоден од германските бајонети. Умира на 07 ми Октомври 1944год.

Умирајќи го испева и својот последен стих “Ние и кога умираме треба да пееме! ”

Од УМС ВМРО ДПМНЕ од Берово додадоа.

-Ако беше за него чест да пее и умре пеејќи за Македонија, ние барем толку можеме, да го одржиме спомен обележјето чисто и уредно преку сеќавање на неговото дело и трагично згаснатата младост.

Караманов во текот на својот краток живот не успеал да објави ниедно свое дело,но колку е познато од него се сочувани околу 280 поетски творби,како и бележници и тетратки.

  Категории: