БЕРОВСКИОТ ТИТАН ВАСКО МАМУЧЕВСКИ ГО ОСВОИ ТРЕТОТО МЕСТО ДО 85 КГ НА ДАЈМОНД КУПОТ.

БЕРОВСКИОТ ТИТАН ВАСКО МАМУЧЕВСКИ ГО ОСВОИ ТРЕТОТО МЕСТО ДО 85 КГ НА ДАЈМОНД КУПОТ.
октомври 14 22:51 2018

Васко Мамучевски го освои високото трето место до 85 килограми на Дајмонд купот кој денес се одржа за прв пат во Македонија.Во салата Јане Сандански во Скопје, каде што се одржа купот во бодибилдинг, учествуваа над 150 натпреварувачи од целиот свет меѓу кои и познати имиња во светот на овој спорт.Најдобриот резултат од сите натпреварувачи од Македонија го постигна токму Васко кој за редакцијата на Малеш Нет, истакна дека ова е голем успех за него иако заслужил да се пласира на повисок ранг односно на 1 или 2 место.

  • За мене тоа многу значи, со оглед на тоа дека се работи за натпревар од светски ранг.Јас прв пат учествувам во ова натпреварување и постигнав врвен резултат иако требаше со сигурност да бидам подобро пласиран.Ова за мене е само одличен почеток и им се заблагодарувам на сите кои безрезерво ме подржаа во мојот успех.

Но, тука не застанува сонот на нашиот шампион, токму ова е мотивација за него за следниот предизвик во 2019 година, а тоа е натпреварување на врвниот Арнолд Класик.

  • Во 2019 година на план сум да се пријавам и натпреварувам на светски познатото натпреварување Арнолд Класик куп кој го организира познатиот актер Арнолд Шаварценегер.Среќен сум многу во моментот, верувам во себе како што веруваат многу во мојот талент и тоа ми дава сила уште повеќе да работам и да се натпреварувам.

Инаку Дајмонд купот во бодибилдиг кој за прв пат се одржува во нашата земја, е интернационално натпреварување.Се одржува во повеќе држави од светот, а се натпреваруваа врвни бодидилдинг спортисти од целата земјина топка.

Што друго да се каже освен да му го честитаме големиот успех на нашиот Васко и огромна подржка со врвни резултати во иднина.

 

  Категории: