ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА УЧЕНИЦИ ОД БЕРОВО КОИ ПОСТИГНАА УСПЕХ НА 59-от ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР НА МЛАДИ ТЕХНИЧАРИ И ИСТРАЖУВАЧИ

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА УЧЕНИЦИ ОД БЕРОВО КОИ ПОСТИГНАА УСПЕХ НА 59-от ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР НА МЛАДИ ТЕХНИЧАРИ И ИСТРАЖУВАЧИ
јуни 01 13:19 2022

Народна техника на Македонија и Сојузот на клубови на млади техничари и природници на Македонија вчера во просториите на ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ доделија награди и благодарници на учениците од Берово, кои постигнаа успех на 59-от Државен натпревар на млади техничари и истражувачи.

Учениците, учесниците и менторите, постигнаа врвни резултати на натправарите од областа на применети природни и технички науки, во организација на Народна техника на Република Македонија на Државниот натпревар комбинирано онлајн и со физичко присуство кој се одржа на 07 и 08 мај и 14 мај 2022 година.

Директорот на Народна техника на Македонија, Пере Митрев нагласи дека учениците од Берово на овие натпревари се меѓу најдобрите во државата, упатувајќи честитки до сите натпреварувачи, учесници и ментори, со желби во иднина за уште поголеми достигнувања и медали.

-Децата од беровскиот регион поточно од општина Берово, традиционално наназад долги години се меѓу најдобрите дечиња во нашата држава и постигнуваат значајни резултати благодарение на нивните ментори, на нивните родители кои ги поддржуваат во сите натпревари.Би сакал да искажам дека овие натпревари се традиционални и единствени од таков вид, на коишто децата изработуваат истражувачки проекти во областа на применети природни и технички науки.Им ги честитам резултатите и наградите на наградените и им се заблагодарувам на сите други учесници кои зедоа учество на овој Државен натпревар – рече Пере Митрев директор на Народна техника на Македонија.

Директорот на беровското училиште ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ упати честитки до сите ученици и наставници, нагласувајќи дека во годините наназад и годинава училиштето ги докажаа успесите со постигнатите резултати.

-Оваа прилика ќе ја искористам да упатам честитки до сите ученици и ментори, кои наназад во годините постигнуваа успеси.Оваа година повторно докажавме дека како училиште максимално вложуваме и се китиме со успеси, а верувам дека следните години наставниците и учениците ќе дадат се од себе за уште поголеми успеси и да се закитат со медали – рече Наташа Аврамска, директор на ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ во Берово.

Инаку оваа година Народна техника на Македонија слави Јубилееј 75 години од нејзиното постоење.

Наградените ученици од 59-от Државен натпревар на млади техничари и природници се:


Диплома за освоено 2 -ро место во областа применета
географија и сребрен медал за Михаела Беџовска
Диплома за ментор за 2-ро место во областа применета
географија за Изабела Бакаловска
Диплома за освоено 2 -ро место во областа радио техника и
сребрен медал за Ѓорѓи Скендерски
Диплома за ментор за 2-ро место во областа радио техника
за Бистра Поп Ѓорѓиева
Диплома за освоено 3 -то место во областа фото техника и
бронзен медал за Лука Чучурски
Диплома за ментор за освоено 3-то место во областа фото
техника за Изабела Бакаловска
Диплома за освоено 3 -то место во областа применета
хемија и бронзен медал за Глигор Царовски
Диплома за ментор за освоено 3-то место во областа
применета хемија за Сузана Гашчеовска
Диплома за освоено 3 -то место во областа агротехника и
бронзен медал за Екатерини Смаропулу

Диплома за ментор за освоено 3-то место во областа
агротехника за Сузана Гашчеовска
Диплома за освоено 3 -то место во областа астрономија и
бронзен медал за Елена Ризовска
Диплома за ментор за освоено 3-то место во областа
астрономија за Сузана Гашчеовска

Признанија за учество добија:
1.ученик-Љубомир Пеовски ментор –Изабела Бакаловска
во областа иновации
2.ученик-Јана Цикарска ментор-Сузана Гашчеовска во
областа метеорологија
3.ученик-Елена Пачемска ментор-Сузана Гашчеовска во
областа градежништво и архитектура
4.ученик –Евгенија Смаропулу ментор- Изабела Бакаловска
во областа екологија

  1. ученик-Томас Новоселски ментор-Сузана Гашчеовска во
    областа конструкторство
  2. ученик-Александра Радински ментор-Сузана Гашчеовска
    во областа астронаутика
  3. ученик-Огнен Бојаџиски ментор-Изабела Бакаловска во
    областа електроника
  4. ученик-Матеј Цикарски ментор-Изабела Бакаловска во
    областа применета математика
    9.ученик-Дарија Брашнарска ментор-Сузана Гашчеовска во
    областа применета биологија
  5. ученик-Бранко Вакански ментор-Сузана Гашчеовска во
    областа сообраќајно моделарство

Благодарница беше доделена и на училиштето ООУ „Дедо Иљо Малешевски“-Берово и
директорката Наташа Аврамска.

Во продолжение видео од настанот: