РЕПОРТАЖА ОД СЕЛО БУДИНАРЦИ: НА ДЕНЕШНИОТ ПРАЗНИК ЛАЗАРИЦА СЕ ОДБЕЛЕЖУВА ПОСТАВУВАЊЕТО НА КРСТОТ ВО ЧЕСТ НА РЕВОЛУЦИОНЕРИТЕ ОД МАЛЕШЕВИЈАТА

РЕПОРТАЖА ОД СЕЛО БУДИНАРЦИ: НА ДЕНЕШНИОТ ПРАЗНИК ЛАЗАРИЦА СЕ ОДБЕЛЕЖУВА ПОСТАВУВАЊЕТО НА КРСТОТ ВО ЧЕСТ НА РЕВОЛУЦИОНЕРИТЕ ОД МАЛЕШЕВИЈАТА
април 28 10:15 2024

Денес бевме во древното малешевско село Будинарци, во живописната убавина на Малешевските планини, каде на денешниот празник Лазарца, се одбележуваат и две години од самоиницијативата на Богдан Пачарски, кој постави крст над селото во чест на револуционерите од нашиот крај. Богдан е од село Будинарци, кој долги години живее во Скопје, но душата го влече отсекогаш во своето родно место. Тој е неуморен борец, кој со пиетет ја велича Малешевијата и неговото село, каде и да оди и патува, бидејќи како што вели овој наш крај е исконска убавина подарена од Бога.

Во пријатна атмосфера и со звуците на гајдата, беше одадена почит на нашите херои Дедо Иљо Малешевски, Димитар Поп Георгиев-Беровски, Никола Петров Русински, Сандо Китанов како и на многу други космополити кои престојувале и се бореле во овие краишта и во кои отчукувал битот и идејата за слободна Македонија.

На денешниот настан гостин беше 81 годишниот професионалец за свирење гајда, Ѓорѓи Кралев кој целиот свој живот го посветил на овој инструмент, а пак неговата интерпретација на гајдата одлично се вклопи со очекувањата на малешевските еснафи.

Навистина се почувствуваме топло во селото Будинарци, со испеаните македонски песни, муабетот и дружбата со жителите, како и убавата ракија малешевска шливка, придружена со најдобрата комбинација малешевско сирење. Мелем за душата.

Во продолжение погледнете ја денешната репортажа од беровското село Будинарци:

  Категории: