ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА БЕРОВО ЈА ПОСЕТИ ОПШТИНА БУЧА (ИЗМИР) ВО РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА БЕРОВО ЈА  ПОСЕТИ ОПШТИНА БУЧА (ИЗМИР) ВО РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА
октомври 16 01:06 2022

На покана на градоначалникот на општина Буџа, Измир, Република Турција, денеска делегација од општина Берово, беше срдечно пречекана од страна на заменик градоначалникот Бариш Озречбер.

На средбата како што истакна градоначалникот Пекевски, се разговарало на различни теми од културно општествени сфери, размена на искуства и договор и договорено било продлабочување на соработката во спортот и културата.

Заедничката меѓународна соработка, додаде Пекевски продолжуба и со збратимување на двете општини, што ќе овозможи и заедничко аплицирање на одредени повици за финансирање.

Од страна на заменик градоначалникот, општина Берово исто така доби покана за учество на балкански младински фестивал, кој ќе се одржи во тек на месец април, наредната година.

  Категории: