ВО БЕРОВО ЗАПОЧНА ПРОЦЕСОТ ЗА СКЛАДИРАНО УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДОТ

ВО БЕРОВО ЗАПОЧНА ПРОЦЕСОТ ЗА СКЛАДИРАНО УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДОТ
декември 12 17:38 2022

Во Берово започнува процесот за складирано управување со отпадот, што се реализира со партнерската фирма ,,Пакомак”, која за таа цел донира 200 индивидуални канти за собирање на отпад од пакување,  наменети за потребите на Општина Берово.

Новите канти, пристигнаа во Берово и  во следниот период ќе бидат распоредени на 200 домаќинства,  ќе значат почеток на складирано управување со отпадот, за семејствата во Берово и ќе  придонесат во засилување на системот за собирање на отпад во Берово.

Целта е да поставиме темели на поинаков третман на отпадот кој може да биде реупотребен и рециклиран и да ја подигнеме свеста за здрава и чиста животна средина.

Селектирањето на отпадот и грижата за животната средина во која сите заедно живееме, почнува од секој од нас и затоа сите треба да се грижиме за тоа каде го фрламе отпадот и дали правилно го селектираме- истакна Пекевски, заблагодарувајќи се на фирмата ,,Пакомак” , за донацијата.

  Категории: