ПЕКЕВСКИ ОД МАЧЕВО: АСФАЛТИРАНИ УЛИЦИ, ПОДОБРЕНА ЈАВНА ЧИСТОТА И УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ,ВО ВТОРИОТ МАНДАТ ПРОДОЛЖУВАМЕ УШТЕ ПОСИЛНО

ПЕКЕВСКИ ОД МАЧЕВО: АСФАЛТИРАНИ УЛИЦИ, ПОДОБРЕНА ЈАВНА ЧИСТОТА И УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ,ВО ВТОРИОТ МАНДАТ ПРОДОЛЖУВАМЕ УШТЕ ПОСИЛНО
октомври 04 19:43 2021

Градоначалникот и кандидат за втор мандат од СДСМ и коалицијата под брендот НАЈДОБРОТО за Берово денес го посети Мачево, село кое традиционално својот глас го дава за СДСМ и коалицијата.
Тој изрази голема благодарност за дадената поддршка за првиот мандат и ја побара повторно поддршката од Мачевци, за во вториот мандат да излезе со уште повеќе проекти, како за Мачево, така за секое населено место и граѓанин за Општина Берово.

„Еден од поглавните проекти на ниво на општина Берово беше изградба на локалниот пат Владимирово – Мачево. Градевме, градиме и ќе градиме по план. Асфалтирана е важната улица 3 во Мачево, значително ќе се сложите ја подобривме јавната чистота со зголемената фреквенција на собирање на комуналниот отпад. На повеќе места, решен е проблемот со  уличното осветлување.
Да не зборуваме за поддршката на старите преку проекти за старите и изнемоштените, поддршката за секое прваче, за секој гимназијалец, за секое новороденче. Берово, а со него и Мачево е друга општина,  за само 4 години. Овде морам да го спомнам можеби најглавниот проект кој иако ќе се реализира во вториот мандат, сепак сме го проектирале и договориле и одобрен е во овој мандат, а тоа е изградба на фекална канализација за село Мачево, од проектот од пренамена на средствата од ТАВ аеродромот благодарение на Владата на СДСМ.“, потенцираше Пекевски во своето обраќање.

Тој за вториот мандат освен проектите за Општина Берово и другите населени места за Мачево потенцираше конкретно неколку проекти со кои планира да се унапреди квалитетот на животот на жителите на Мачево.

„За вториот мандат изработуваме детални урбанистички планови за сите села така и за Мачево со што ќе се отворат можмности да се планираат и нови други проекти. Ја асфалтираме во првата година на мандатот,  улицата покрај поранешниот погон за мебел,  со што на многу жители на Мачев ќе им се олесни пристапот до институциите, ќе добијат подобра рурална инфраструктура и полесна пристапност до нивните земјоделски имоти. Ќе се среќаавме редовно да планираме унапредување на комунална хигиена, да планираме нови проекти со Вас, да си ги кажеме актуелните проблеми и истите да ги решаваме заедно.“ истакна пред Пекевки пред насобраните граѓани.

Тој на крај на своето обраќање ги покани граѓаните на Мачево да гласаат за број 12 бидејќи: „Бројот 12 е за развој, 12 е за инфраструктура, 12 е за новите улици, 12 е за фекалната канализација,, 12 е за секој од вас за кој ќе разговараме и ќе ги решаваме проблемите на секого со проекти за сите. 12 е за оној кој ве почитува сите. Само со бројот 12 ПОБЕДУВАМЕ СИТЕ ЗАЕДНО, за поубаво МАЧЕВО, за ПОУБАВО БЕРОВО.“, финализираше Пекевски.

Во продолжение погледнете го видеото од денешната трибина на СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ во село Мачево: