ГРАЃАНИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ДОЛЖАТ ЗА КРЕДИТИ.

април 12 18:45 2018

За една година долгот на народот кон банките пораснал за нови 100 евра. Сега само за кредити, секој просечен жител на Истокот должи по 1.122 евра.

Според последните податоци на Народната Банка  вкупните кредити дадени на домаќинствата во февруари годинава достигнале 2 милијарди 327 милиони и 886 илјади евра. Истиот месец лани оваа сума изнесувала 2 милијарди 117 милиони и 691 илјади што значи дека за една година пораснала за вкупно 210 милиони и 195 илјади евра односно за 9.93%.

Зошто народот се повеќе заглавува во долгови:

  • Се нема пари, не можат да се покријат трошоците и мора да се вадат кредити. 27 години е вака, иста песна, велат анкетирани граѓани на Штип.

Дека ова е вака потврдува и структурата на кредитите. Предничат потрошувачките кредити на кои отпаѓа повеќе од половина од вкупната сума или 1 милијарда 165 милиони и 138 илјади евра. Следуваат станбените кредити со 562 милиони и 114 илјади евра.

Секој кредит со себе повлекува и високи каматни стапки кои раздолжувањето го прават уште потешко. Во моментов, вкупната камата што секој месец ја плаќаат македонските граѓани за своите банкарски кредити достигнува фантастични 12 милиони и 715 илјади евра.

 

ИЗВОР:ТВ СТАР

  Категории: