КОЛУМНА: ИНТЕЛЕКТУАЛНА МАРГИНАЛИЗИРАНОСТ

КОЛУМНА: ИНТЕЛЕКТУАЛНА МАРГИНАЛИЗИРАНОСТ
март 14 03:12 2018

Талкајќи низ институционалните лавиринти секојдневно се среќаваме со некопететни личности кои извршуваат одредена одговорна фукција, било тоа да е наставник кој физички ги малтретира своите ученици, или доктор кој ја има купено својата диплома и врв во кариерата му е пишување рецепти и мавање печати, или пак судија кој суди по златното правило на ‘наши и ваши’ на ‘мито и скара’ и ред милиони примери од секојдневието. СЕКОЈА ЧЕСТ НА ИСКЛУЧОЦИТЕ И ПОРАБОТЕТЕ НА МОРАЛОТ НА ВАШИТЕ КОЛЕГИ!!!

Горе наведените постулати на институционалната селекција на некопететен  кадар го поставуваат  логички прашањето  “ Каде се компететните? ’, ‘Кој има корист од нивната стручност? ’  На овие прашања одговорот е сокриен зад 400.000 млади македонци кои купија карти во еден правец и заминиа на брод да работат како помошни келнери  или пак се одлучија да ги одржуваат дворовите на некои богати  Американци, а голем дел од нив се распрсна по Европа еден дел возат камиони друг дел од младите мешаат малтер итн. Грстот од тие млади луѓе се Интелектуалниот двигател на македонското општество, луѓе кои своити дипломи ги стекнале со сопствен труд,  но нивното социјално потекло не ги исполнува критериумите на непотистичкото и партиско доделување на работни места и тие се осудени да талкаат по светот, да бараат подобро утре во некоја друга за нив туѓа земја.

Интелектуална маргинализираност. Парадоксално но вистинито. Денешната интелектуална маса е роб на партиските интереси,  како може кандидат за одредено работно место покрај својата диплома да носи лист хартија на кој пишува од кога е член на одредена партија? Ќе престанат ли партиите во Македонија  да создаваат гласачка машинерија во име на работните места кои  се полнат кадровски во рамките на една партија? Зар не ни е малку што Албанциве мора процентуално да бидат вработени, згора на таа рамка од Рамковниот договор самите ние си ставаме уште една рамка партиско вработување. Немам ништо ни против албанците кои со својата компетенција добиле одредено работно место,  имам против тие што своите работни места ги добија во името на тој процент. Како може интелектуалната и работната способност на еден етникум во одредено поле да се изразуваат во проценти?. Кај што има процетуална и партиска застапеност на одреден кадар, компетенцијата е сведена на минимум.

Друг проблем  со кој се соочуваат македонските интелектуалци е непотизамот. Непотизамот е огромна планина на чиј врв седат гордо исправени и уживаат вундеркиндите  гледајќи го општествениот пејзаж кој за нив го имаат створено нивните најмили, кои по аналогија или се судии, адвокати, директори на одредени големи фирми, дебели банкари и познати доктори, униферзитетски професори итн. кои своето работно место го чуваат за своето чедо. Парадоксално но вистинито.

Зборувајќи за интелектуалната маргинализираност ред е да направам профил на личност кој е припадник на оваа тажна, нема по светот расцепкана група. Интелектуалец е човек кој има свој личен став, неговиот поглед на светот не го креира политиката, за таков човек на светот не постои боја на кожа, нација и вера единствено само човек и нечовек, а сето останато се идеолошки постулати за обединување на пошироката маса. Таквиот човек на професионално ниво се издвојува од другите затоа што работата за која е кфалификуван ја работи со љубов, едноставно низ животот не го води онаа матерјална страна, наспроти неа таквиот човек е во вечна потрага на духовен еквивалент. Барем според мене така би требало да биде!!!

  Категории: