СЕЛОТО САРАЈ Е ПОДГОТВЕНО ЗА НАЈМАСОВНАТА И НАЈГОЛЕМАТА ШТРАПАРИЈАДА

СЕЛОТО САРАЈ Е ПОДГОТВЕНО ЗА НАЈМАСОВНАТА И НАЈГОЛЕМАТА ШТРАПАРИЈАДА
март 29 23:22 2023

На 9 април во село Сарај, општина Босилово, по трети пат ќе се одржи досега најголемата и најмасовна Штрапаријада (турнир во влечење трупци со коњи) на овие простори. Турнирот е организиран од Џоко Мирчев (Џоканов) организатор е Џоканов додека местото на настанот ќе се одржи, спроти ресторант Џоканов. Како што велат организаторите, учество ќе земат огромен број љубители на овој спорт од земјава и од странство.

Овој прекрасен натпревар на влечење труп со коњи, масовно е посетен како од сите делови на Македонија така и од соседните држави, каде учесниците освен во брзината на влечење на труп со коњи, посебно се оценува однесувањето и дисиплината на коњот, нивните сопственици со потполна забрана за употреба на стап или удирање на коњите.

На истиот настан ќе има музичка програма и богата лотарија на која ќе бидат извлечени преку 100 награди за сите посетители. Ќе има разновидни награди како ловни реквизити, моторна пила, бела техника, мобилни телефони, ваучери за јадење, амути и палдми, а главната награда ќе биде ловечка пушка од специјализираната продавница за оружје АС-ТО од Струмица.

Организаторите на турнирот исто така на спектаклот организираат ВИП маси со 8 стола кои ќе чинат 6000 денари. На ВИП масата за 6000 денари ќе има 2 килограми печено свинско и 30 пива (скопско или даб по избор).

Инаку штрапаријадата во селото Сарај во општина Босилово, од година во година е централна манифестација за овој спортски турнир во Македонија, која собира огромен број учесници, љубители на коњите како и голем број посетители.

Бидете дел од овој незаборавен спектакл за кој ќе се зборува подолго време!!!

Влезот на турнирот на влечење трупци со коњи ќе биде 150 денари.

  Категории: