Денеска, свечено отворање на Работнички Спортски Игри 2023 година

Денеска, свечено отворање на Работнички Спортски Игри 2023 година
февруари 27 12:38 2023

Во Салата Македонски Бранители, денес со почеток во 17:30 часот, започнува турнирот во мал фудбал, РСИ 2023 година.

Турнирот ќе го отвори Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, во 17:00 часот.

Ги замолуваме сите екипи, да бидат присутни на свеченото отворање на игрите, во 17: 00 часот.

Сите играчи, учесници во натпреварите, потребно е да носат соодветна  опрема за во сала , како би ја сочувале салата, што е во заедничка корист, за сите што ја користат. Исто така, апелираме кон  публиката,  да внимаваат, да  не се уништуваат столчињата во салата  и да се одржува соодветно ниво на хигиена.

Во првото коло, кое ќе се одигра на 27.02.2023 година (понеделник), ќе се одиграат следниве натпревари:

  1. 17:30ч.    Угостители  –    Национални шуми и пилани 
  2. 18:00 ч. Образование  –   АРСМ Гарнизон Штип
  3. 18:30 ч. Роми –  Општина Берово
  4. 19:00 ч. МВР Полиција –  Здравен Дом Берово
  5. 19:30 ч.   Фагус  –    Труд и социјала и Суд

Слободна во првото коло, е екипата на Приватни Фирми.

Почитувани спортисти, учесници во натпреварите и секако гледачи на турнирот , Општина Берово, како организатор на овие игри, Ви посакува добра, фер игра , да се дружиме, да се забавуваме, да го подигнеме спортскиот и натпреварувачки дух во градот, заеднички да уживаме и нека победат најдобрите.

Се гледаме во салата ,, Македонски Бранители” , денес,  понеделник,  во 17:00 часот.

Спортски поздрав

  Категории: