ВО ООУ „ДЕДО ИЉО МАЛЕШЕВСКИ“ ОДРЖАН ФОРУМ ТЕАТАР

ВО ООУ „ДЕДО ИЉО МАЛЕШЕВСКИ“ ОДРЖАН ФОРУМ ТЕАТАР
декември 13 17:45 2022

Детската амбасада Меѓаши преку Програмата за мировно образование, денеска во ООУ,,Дедо Иљо Малешевски” во Берово, организираше форум театар, каде што група професорки и професори од неколку училишта претставија, како изгледа мобингот во училиштата, социјалното исклучување, злоупотребата на службената положба.

На форум театарот, учествуваа наставници и професори од двете основни училишта, од средното училиште, од детската градинка, од Дом на култура, како и од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, од Берово.

На настанот присуствуваше и градоначалникот Звонко Пекевски, кој упати благодарност до Првата детска амбасада ,,Меѓаши” што овозможи реализација на ваков настан кој би помогнал во соочување со реалноста.

-Ми беше чест и задоволство, денешното присуство, на форум театарот, кој беше изведен во ООУ,,Дедо Иљо Малешевски”, како дел од Програмата за мировно образование на Детската амбасада Меѓаши. Разработените теми, беа од реалниот живот и пракса, а беа претставени преку кратки сцени, по што следуваше и интеракција со публиката, која во најголем број, беа наставници, професори и вработени во одделот за образование. На завршувањето на форум театататарот, имавме можност да уживаме во музичката изведба на 4 прекрасни композиции, од страна на ученици од средни училишта од Струмица. Благодарност до членовите на првата детска амбасада ,,Меѓаши”, што ни овозможија реализација на ваков настани што ќе ни помогнат да се соочиме со реалноста – истакна Пекевски.

Форум театарот е креативна форма за дискусија, на теми, што може да се карактеризираат како емоционално набиени и дава простор, за креативно решавање и поинакво видување, на проблемите.