31 ГОДИНА ОД ПОСТОЕЊЕТО НА КОМПАНИЈАТА М.МЛАДОСТ ОД БЕРОВО

31 ГОДИНА ОД ПОСТОЕЊЕТО НА КОМПАНИЈАТА М.МЛАДОСТ ОД БЕРОВО
март 13 00:48 2023

Од 1992 година на улицата „Партизанска“ во Берово непрекинато веќе 31 година функционира семејната компанија за продажба на бела техника, апарати за домаќинство и колонијал „М.Младост“. Голем број Беровчани, Малешевци и многу други луѓе од соседните општини, во текот на годините биле услужени и задоволни. Дoдека многу други компании во Малешевијата, локални маркети и продавници, кои беа синоним на секоја населба во градот и ги имаше во задоволителен број низ времето пропаднаа, „М.Младост“ продолжи да ја одржува својата услужна дејност, во служба на Малешевци.

Сопственикот Горан Малденовски вели дека патот сите овие години не бил многу лесен, но желбата за услуга на луѓето, советите и доставата до домовите на секој купувач и до најодалеченото место во Малешевијата со вклучениот сервис, позитивно бил препознатлив помеѓу Малешевци. Секако тука се и ведрите и секогаш насмеани лица, кога ќе отидете да купите било што и да ви е потребно од М.Младост.

-Далечната 1992 година се сеќавма дека бевме први во градот Берово, кои започнавме со продажба на апарати за домаќинство и бела техника. Најпрво мојот татко заеднички со мене и мојот брат, долги години ги услужувавме Малешевци, а потоа еве до ден денес од неговото искуство што ми го пренесе со труд и амбиција успеавме да создадеме одржлива компанија. Секогаш ни било приоритет задоволството на купувачот, квалитетот и пристапните цени. Кога ова ќе се вклопи во целина, неминовен е успехот. Скоро секоја куќа во Малешевијата низ годините била услужена од наша страна и никогаш не ни претставувало проблем да предложиме совети на нашите ценети купувачи. Единствено начинот на размислување кон одржливост и стратегијата за раст како и топлиот пречек по кои сме познати целото семејство, ме прават горди на напредокот на нашата компанија и остварените цели овие три децении – рече сопственикот Горан Младеновски.

Инаку „М.Младост“ е главен застапник за Малешевијата за производите од брендовите: Фаворит, Беко, Горење, Алфаплам, Вивакс, Самсунг, Лг, Филипс и други. Исто така компанијата долго време нуди се што ќе најдете на интернет странците од Нептун, Агротехна, Горење, Вивакс и од други странци, кои може да ги набави по поповолна цена и бесплатна достава до дома со вклучена монтажа на апаратите и нивен сервис.

Со еден збор со искуството на постарите и креативноста на младите, „М.Младост“ секогаш тежнее да даде свој придонес кон подобрувањето на секојдневниот живот со помош на техниката, а за задоволство на купувачите.

Што друго да кажеме за „М.Младост“ освен да ви се заблагодариме за вашите услуги и да ви го честитаме јубилејот од 31 година постоење со желби за уште поголеми успеси во иднина.

  Категории: