СПОРТСКИ ФУДБАЛСКИ ДЕН ВО БЕРОВО: МЛАДИНЦИТЕ НА МАЛЕШ НА ВРВОТ, СЕНИОРИТЕ СО УШТЕ ЕДЕН ПОРАЗ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН

СПОРТСКИ ФУДБАЛСКИ ДЕН ВО БЕРОВО: МЛАДИНЦИТЕ НА МАЛЕШ НА ВРВОТ, СЕНИОРИТЕ СО УШТЕ ЕДЕН ПОРАЗ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН
октомври 23 19:32 2022

Во присуство на многубројната публика на денешниот сончев неделен фудбалски ден во Берово, во рамките на фудбалската манифестација се одриграа три натпревари на градскиот стадион „Димитар Беровски“. Најпрвин во Детската лига Исток, младинците (генерација 2010/2011) со резултат од 4:0 издвојуваа победа над ФК Саса од Македонска Каменица. Одличната игра на нашите млади фудбалски таленти, напорната работа и тренинзи ги закова на чело на табелата во Дестската лига- Исток, каде досега со ниту еден пораз предничат над сите други екипи во лигата.

Вториот натпревар се одигра исто така во рамките на Детската лига Исток (генерација 2012/2013), каде младите сили на ФК Малеш одиграа нерешено со резултат 3: 3 против екипата ФК Саса.

По завршувањето на овие два натпревара на спортскиот празник во Берово со пригодна програма и музика се одржа и фудбалски квиз со учество на публиката, каде беа доделени награди за точните одговори.

Со почеток пак во 13 часот започна првенствениот натпревар во ТМФЛ – Исток, помеѓу ОФК Малеш и ФК Дојранско Езеро, со што по првото полувреме играчите на Малеш доминираа на теренот и постигнаа два гола. Сепак второто полувреме беше кобно за фудбалерите на Малеш. Некако незаинтересирано и опуштено го започнаа вториот дел, па на крајот следуваше и казната од три примени голови со краен резултат 2:3 за гостите од Дојран. Публиката незадоволна пред време го напушти теренот, а фудбалерите на Малеш до сега се немаат победа на домашен терен.

  Категории: