“ПРИКАЗНИ ОД НАШЕТО СЕЛО” НОВА ЗБИРКА РАСКАЗИ ОД ЈОВАН ТАСЕВСКИ

“ПРИКАЗНИ ОД НАШЕТО СЕЛО” НОВА ЗБИРКА РАСКАЗИ ОД ЈОВАН ТАСЕВСКИ
септември 13 20:20 2022

,,Приказни од нашето село” е насловот на најновата збирка раскази на авторот Јован Тасевски од Пехчево која деновиве ја објави и е пуштена во продажба.Кајо што вели Тасевски, збирката разкази се базираат на вистински настани, кои се случиле во Пехчево и околните села за време на турско, српско, бугарско, југословенско, а основата е земена од записите неговиот татко, учителот Љубомир Тасевски и лично од негови записи кои ги слушал од постари луѓе.

-На тие вистински настани се надоврзував понекогаш произволно со личности (вистински од нашето место) и поситни настани измислени од мене, со цел да сум му поинтересен на читателот (основната цел на авторо на уметничкото литературно дело е да е интересен на читатело, тва е познато), ама, како што реков, основата е вистинска. Тука се мешаат уметноста и вистината. Се надевам оти книгата ќе предизвика интерес, ќе го заземе своето место во архивата на нашата општина и ќе го разнесе низ нашата Македонија името на нашата Малешевија, вели Тасевски.

По повод излегувањето на книгата Тасевски ги известува неговите сограѓани дека истата ќе се продава по цена од 200 денари. Може да се набави во неговиот дом во центарот на Пехчево.

На тиа истински настани сам надоврзувал понекогаш произволно личности (истински од нашето место) и поситни настани измислени от мене, сос цел да сам му поинтересен на читатело (основната цел на авторо на уметничкото литературно дело е да е интересен на читатело, това е познато), ама, кат шо рекох, основата е истинска. Та тука се мешаа уметноста и истината. Надевам се, оти книгата че предизвика интерес, че го заземе своето место в архивата на нашата општина и че го разнесе низ нашата Македонија името на нашата Малешевија.
Повелете!

  Категории: