Со набавка на нов мултифункционален МУЛЧЕР, се подобруваат комуналните услуги во Берово

Со набавка на нов мултифункционален МУЛЧЕР, се подобруваат комуналните услуги во Берово
март 29 14:41 2023

Денеска е набавена нова машина за косење и кастрење на вегетација- тракторски мулчер, преку која значително ќе се подобрат комуналните услуги, кон граѓаните во Општина Берово.

Машината е со мултифункционална намена, за истиснување на сите остатоци (трева, слама, гранки со дебелина до 5 см итн.) на полјоделски површини, во овоштарството, винарството, во парковите и на други места .

Примарната цел на мулчирањето е  сузбивање на плевелната вегетација, која е редовно присутна во земјоделското производство.

Практиката на мулчирање има долгогодишна традиција, особено во  овоштарството,  издробената маса претставува органско ѓубриво, кое со помош на мулчерот, ја намалува потребата за фрлање на друго ѓубриво.

Во принцип, мулчирањето претставува покривање на почвената површина со различни материјали, во насока на подобрување на животната средина на градинарските култури, од кои подоцна ќе се добие поголем принос.

Со набавката на оваа нова машина, ќе се олесни исто така пристапноста на жителите до нивните имоти.

За набавка на мултифункционалниот мулчер, од Буџетот на Општина Берово, ќе бидат исплатени вкупно 782.595,00, истата ќе биде преотстапена за потребите на ЈПКР ,,Услуга” – Берово.

  Категории: