СО ЕВРОПСКИ ПАРИ СЕ РЕАЛИЗИРААТ ВАЖНИ ПРОЕКТИ ВО БЕРОВО.

септември 19 17:54 2018

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски на прес конференција  презентираше дел од проектите кои се реализирани во изминатиот период  со помош на Европските фондови.Како еден од клучните проекти со огромно значање за развој на туризмот  кој е во завршна фаза е проектот „Градење на инфраструктура за одржлив развој на туризмот„ вреден половина милион евра.

Со овој, ИПА проект се обезбедени пари за водоснабдување на туристичката населба Беровско езеро па конечно ќе се реши долгогодишниот проблем со чиста вода за пиење.

Исто така со помош на Европските фондови се реализира проектот „Рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во општина Берово“ каде во склоп на овој проект се асфалтирани неколку улици, додека преку имплементација на  Декадата и стратегијата на Ромите се работи на две улици додаде Пекевски:

Берово наскоро ќе добие и нов современ градски пазар на кој интензивно се работи и градежните активности се во тек.Станува збор за проектен грант од Европските фондови каде за изградба пазарот се обезбедени 134.000 евра.

Европските пари се клучни исто така и за наредниот период за Општина Берово, каде градоначалникот информираше и за заеднички проект со општина Струмјани од соседна Бугарија каде се надеваат на два значајни проекти на кои што веќе е аплицирано со конкретни проекти.

Со партиципација преку Министерството за животна средина, Пекевски додаде дека е потпишан договор за изработка на техничка документација и изградба на канализациски ситем за отпадни води, што овозможува приклучување на 30 домаќинстава на овој систем и заштита на реката Брегалница, додека се работи и на основен проект за фекална канализиација со пречистителна станица во селото Двориште.

За развој на руралната инфраструктура од ЕУ фондовите се обезбедени 15 милиони евра, средства кои ќе се доделат на опшините во форма на грантови од кои за општина Берово се обезбедени 260 илјади евра каде 134 илјади евра се наменети за изградба на зелениот пазар а останатите за асфалтирање на две улици во градот.

Според Пекевски, ИПА фондовите се единствениот начин во Берово да се изградат скапи капитални проекти кои се во насока на подобрување на квалитетот и условите за живот на граѓаните.