ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИТЕ „АНИМА МУНДИ“ СО ОСТРА РЕАКЦИЈА ЗА УТРЕШНИОТ НАТПРЕВАР НА ВЛЕЧЕЊЕ ТРУПЦИ СО КОЊИ

ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИТЕ „АНИМА МУНДИ“ СО ОСТРА РЕАКЦИЈА ЗА УТРЕШНИОТ НАТПРЕВАР НА ВЛЕЧЕЊЕ ТРУПЦИ СО КОЊИ
мај 05 15:40 2022

Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ бара од надлежните институции да го запрат натпреварувањето во влечење трупци во Берово во кое учествуваат коњи. 

“Во петок во Берово ќе се одржи Штрапаријада, настан во кој коњите се натпреваруваат во влечење трупци кои тежат до неколку тони” – вака започнува разгласот за еден импровизиран и примитивен настан во кој се промовира мачење и малтретирање на една ранлива категорија на животни. Ова не е прв пат, и не се одржува единствено во Општина Берово. Неодамна имаше ист таков настан во Општината Сарај и истиот беше уредно пријавен од наша страна до Агенцијата за храна и ветеринарство  и за истото измачување не превзедоа ниту еден чекор да го спречат.Иронијата во цела оваа трагична состојба во која се наоѓаат коњите во нашата држава е тоа што Агенцијата за храна и ветеринарство единствено е “гласна” на оваа тема кога треба да искористи финансиски средства од ИПА фондови за кревање на свеста во однос на измачувањето на коњите во форма на билборди, но по пријава за измачување на истите – ги нема никаде.Дали и за спроведување на Законот за благосостојба на животните ви е потребна финансиска подршка од ЕУ? – стои во рекцијата на здружението за заштита на животните „Анима Мунди“.

Организаторите пак на настанот истакнуваат дека реакцијата на здружението е неоснована поради фактот што ова е спортски настан каде нема измачување или малтретирање на коњите.Додаваат дека сите коњи се чипувани за утрешниот натпревар и проверени од ветеринарни лекари.

-За утрешниот натпревар во Берово, сакаме да ги известиме сите кои имаат дилеми, дека овој настан уредно го пријавивме до Агенцијата за храна и ветеринарство и до сите надлежни институции, а коњите кои ќе учествуваат се чипувани со извршен преглед од ветеринарени доктори за нивната здравствена состојба.Нашата цел не е да ги измачуваме коњите, како што велат од здружението за заштита на животните, едноставно се работи за спортски настан кој се одржува во неколку градови во Македонија, а особено е присутен како во сеседните држави, така и во целиот свет.Сите ние долги години се занимаваме со одгледување коњи и знаеме најдобро како се чуваат, одгледуваат и сакаат.Нашата егзистенција и егзистенцијата на нашите предци е токму од коњите и неосновано е да ги малтретираме или измачуваме.Слободно ги покануваме од здружението да дојдат и да присуствуваат на настанот и да видат дали има измачување како што наведуваат.На настанот ќе има присуство на амболантно возило, претставници од МВР и ветеринарен доктор – велат организаторите.

Исто така здружението побара од сите надлежни институции и Општината Берово да го спречат утрешниот и секој следен настан во кој се промовира мачење, матретирање. Иако првично беше најавена финансиска поддршка од Општина Берово, сепак од општината додадоа дека немаат можност да го подржат настанот.

-Општина Берово нема надлежност да го спречи овој настан, бидејќи настанот не се оддржува на јавен простор, туку на приватен имот.Организаторите побараа од нас финансиска поддршка, ја разгледавме но поради краткиот период немаме можности и ставка со која можеме да го финансираме настанот.Сепак уредно организаторите го пријавија овој натпревар до сите надлежни институции – рекоа од Општина Берово.

Инаку здружението за заштита на животните „Про Анима“ од Берово, достави пријави до сите надлежни институции за спречување на настанот, а по објавената најава од наша страна за одржување на настанот, се разви дебата на социјалните мрежи каде поголем дел од граѓаните изразија поддршка за настанот, но не изостанаа и негативните реакции.

  Категории: