СВР ШТИП ВО БЕРОВО ЈА СПРОВЕДЕ КАMПАЊАТА „МВР ЗА ГРАЃАНИТЕ – ЗАЕДНИЦА, ДОВЕРБА, ОДОГОВРНОСТ“

СВР ШТИП ВО БЕРОВО ЈА СПРОВЕДЕ КАMПАЊАТА „МВР ЗА ГРАЃАНИТЕ – ЗАЕДНИЦА, ДОВЕРБА, ОДОГОВРНОСТ“
април 15 15:04 2023

Денес во Берово полициски службеници од Одделението за превенција на СВР Штип и полициски службеници од ПС Берово, спроведоа активност во рамките на кампањата на МВР и Македонскиот полициски синдикат „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“, со цел доближување и создавање на продуктивен однос помеѓу полицијата, граѓаните и локалната самоуправа.

При реализација на кампањата на граѓаните им беа делени летоци со едукативна содржина, а од страна на полициските службеници им беше презентирано и објаснето полициското работење.

-Заедничкото работење меѓу полицијата и локалното население е важно за идентификување на проблемите, поставување на приоритети и решавање на предизвици на локалната заедница како криминал, социјални и физички нарушувања. Градиме полиција која ќе биде видлива и приемчива, полиција која ќе го познава маалото и маалото ќе ја познава неа, ќе има слух за загриженоста на луѓето, полиција која ќе одговори на потребите на заедницата, ќе ги ангажира и мобилизира граѓанските групи и ќе биде отчетна и транспарентна во своите актвиности – рече Гордана Панајотова, потпарол на СВР Штип.

Изминативе три месеци на подрачјето на ОВР Берово додаде Панајотова, извршени се десетина претреси на повеќе локации со што се лишени од слобода седум лица за недозволена трговија со дрога, извршени се неколку тешки кражби, а подобрување како што наведе има во безбедноста на патиштата со намалени сообраќајни несреќи.

Соработката меѓу полицијата и локалното население е важна за идентификување на проблемите, поставување на приоритети и решавање на предизвиците на локалната заедница. Во рамките на денешната кампања, на присутните им беа презентирани и опремата и средствата кои ги користи полицијата во своето секојдневно работење. Оваа кампања се спроведува уште во неколку градови на Истокот од државата, а главната порака е дека полициското работење со заедницата значи градење на партнесрство кое се базира на доверба меѓу полицијата и граѓаните, која придонесува за спречување на криминалот, а резултатот е зголемена безбедност и подобар квалитет на

живеење.

  Категории: