МИНИСТЕРОТ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ИЗВРШИ УВИД НА РЕКОНСТРУИРАНАТА ЗГРАДА НА ОВР БЕРОВО

МИНИСТЕРОТ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ИЗВРШИ УВИД НА РЕКОНСТРУИРАНАТА ЗГРАДА НА ОВР БЕРОВО
јули 11 16:31 2022

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со градоначалникот Звонко Пекевски, и со дел од раководството на МВР, денес го посети реконструираниот објект на Одделението за внатрешни работи Берово. Министерот изврши увид во градежните работи на целосно реконструираниот објект на Министерството во Берово, кој што долги години не е реконструиран, а чија реконстукција се реализира во рамки на стратешкиот план за севкупно подобрување на условите и материјално-техничките капацитети на македонската полиција.

„За целосната реконструкција и санација на 75-иот реконструиран објект на ОВР Берово беа издвоени 26 милиони денари од буџетот на Министерството, и по направениот увид можам да констатирам дека сите планирани градежни работи се извршени навремено и квалитетно, при што се имплементирани потребните мерки и стандарди за енергетска ефикасност на објектот“, посочи министерот за внатрешни работи Спасовски, додавајќи дека сега веќе над 60% од вкупната бројка на објекти се енергетски ефикасни, а за имплементација на овие мерки, вклучително со комплетните реконструкциски активности, од Буџетот на МВР беа инвестирани околу 460 милиони денари.

Министерот Спасовски ја најави и кампањата што од наредната недела стартува во рамки на МВР под мотото ,,Сината униформа дејствува за зелена околина“, која произлегува од веќе реализираните активности во насока на зголемување на енергетската ефикасност и поголемо учество на обновливите извори на енергија преку инвестициите во објектите на МВР, која има за цел да ја подигне јавната свест кај институциите, деловните субјекти и граѓаните, каде секој може да придонесе за поголеми заштеди и заедничко менување на енергетскиот профил на државата, но и намалена загаденост на воздухот и зелена околина.Упатив благодарност до Владата на РСМ и до МВР што овозможија после долги години зградата на ОВР Берово да биде целосно реконструирана и во нови услови да нуди модерен сервис на услуги кон граѓаните, силно гарантирајќи ја нивната безбедност и сигурност.

“Со реконструкцијата на овој објект уште еднаш ја потврдуваме заедничката посветена работа која се гледа во сите општествени сфери. Уште повеќе што имплементираните мерки за енергетска ефикасност се во насока на определбата на беровци, нашето Берово да остане еколошки чисто, за во него да продолжат да се произведуваат еко производи, препознатливи во целата држава. А нашата полиција останува пример за тоа како се дејствува одговорно и како се сака татковината” – додаде министерот Спасовски.

Како што најавија од Министерството за внатрешни работи и во иднина ќе продолжат со несмален интензитет во реализацијата на зацртаните градежни активности, опремување и зајакнување на капацитетите, имплементирање на европски стандарди, во насока на подобрување на условите за работа на полициските службеници, а со цел подобри резултати во полициското работење и унапредување на севкупната безбедносна состојба.

Во продолжение видео од настанот:

  Категории: