Раскрсницата на регионалниот пат Берово- Струмица доби ново улично осветлување

Раскрсницата на регионалниот пат Берово- Струмица доби ново улично осветлување
февруари 25 19:11 2023

Една од најфреквентните раскрсници во Берово, која се наоѓа на два регионални патишта, на патот Берово -Струмица, конечно доби ново улично осветлување кое го постави Јавното претпријатие за државни патишта, на иницијатива на Општина Берово.

Поставени се 12 канделабри, по сите стандарди за енергетски ефикасно лед осветлување, со што се подобрува безбедноста на сообраќајот, на оваа раскрсница, во ноќните часови.

Оваа раскраница е важна сообраќајница, па така осветлувањето на оваа делница, е од големо значење за жителите на Општина Берово и за патниците, кои доаѓаат од соседните места.

  Категории: