Преку проектот ,,Европа за граѓаните”, делегација од Општина Берово учествува на меѓународна конференција во Бугарија.

Преку проектот ,,Европа за граѓаните”, делегација од Општина Берово учествува на меѓународна конференција во Бугарија.
септември 03 17:35 2022

Делегација од општина Берово, деновиве учествува на завршниот настан во рамките на проект, Европа за граѓаните”, која се одржува во Бољарово, Република Бугарија.

Проектот обединува 40 мали општини од 8 европски држави, од Шпанија, Италија, Белгија, Хрватска, Португалија, Северна Македонија, Латвија и Бугарија.

Во холот на центарот на локалната заедница, бугарските домаќини организираа кулинарски специјалитети и изложба, на која се раскажуваа важните моменти од развојот на социјалните иновации за целите на културното наследство, стратегии и различен пристап во стратшкото планирање на европско и локално ниво, со цел презентирање на добри практики во развој на руралниот туризам.


На гостите им посака добредојде и играорна и пеачка група.
Има повеќе придобивки од овој прокет, нагласи градоначалникот на Бољарово , Христо Христов:

„Прво, го збогатуваме нашето искуство во изработка на проекти, второ, ги потврдуваме и ги наметнуваме нашите културни традиции, а тие не се малку. Токму во Центарот на заедницата, беше подготвена изложба на која учествуваа сите центри на заедницата во општината и сите општествени институции. Таму видовме прекрасни кулинарски креации, кои потоа сите имаа можност да ги пробаат“ – рече Христов.

EUsave мрежата, е дел од планот за Европа со граѓаните и има за цел трасирање на транснационална стратегија за развој на туризмот.

  Категории: