ВИДЕО РЕПОРТАЖА: СО ОРА И ПЕСНИ ЖИТЕЛИТЕ НА ЈУРУКО ВО БЕРОВО ЈА ПРОСЛАВИЈА ТРАДИЦИОНАЛНАТА МААЛСКА СРЕДБА

ВИДЕО РЕПОРТАЖА: СО ОРА И ПЕСНИ ЖИТЕЛИТЕ НА ЈУРУКО ВО БЕРОВО ЈА ПРОСЛАВИЈА ТРАДИЦИОНАЛНАТА МААЛСКА СРЕДБА
април 24 00:09 2023

Како и секоја година, многу луѓе собра Маалската средба во населбата Јуруко, најстарата населба во Берово. Жителите на Јуруко и гостите од неколку соседни градови, се соединија во заеднчка слава во чест на празникот Источен петок – Балаклија или според беровчани, Беровска Богородица.

Со многу ора и песни, со богата трпеза и насмевски првиот петок после Велигден, Јуруко е еднинственото место во Берово, каде прославата е единствена од таков вид во целиот град.
Жителите на Јуруко, инаку се сполтени меѓусебе и во добро и во лошо, па така заеднички сите собираат средства како и со помош на некои стопанственици и придонес од Општина Берово, за да ја приредат оваа убава традиција која како што велат овде постоела одекогаш. Во истион ден во Берово се славеа два празника, па Јуруко одекогаш занел да го цени соживотот помеѓу сите жители, така честитајќи го на сите нивниот празник, упатија честитки и до муслиманите кои пак го славеа нивниот празник Рамазан Бајрам.

На настанот како во дамнина, се готвеше во котли, гравче и супа, програмата беше збогатена со настап на КУД „Димитар Беровски“ од Берово, а за музиката во живо која ечеше до раните утрински часови беа задолЖени членовите на Актив Бенд.

Каква беше атмосферата, што се случуваше на Маалската средба, што кажаа и на што се присетија навремето кога се одржувала оваа средба жителите, членовите и кумот на средбата, погледајте во репортажата во продолжение: