ОПШТИНА БЕРОВО ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ НА ПОЕДИНЦИ И ГРУПИ ЗА ПОСЕБЕН ПРИДОНЕС ВО ПООДЕЛНИ ОБЛАСТИ

ОПШТИНА БЕРОВО ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ НА ПОЕДИНЦИ И ГРУПИ ЗА ПОСЕБЕН ПРИДОНЕС ВО ПООДЕЛНИ ОБЛАСТИ
август 23 14:03 2022

Како дел од Свечената седница на Советот на Општина Берово, секогаш е доделувањето на благодарници, на поединци и групи,  во знак на посебен придонес во пооделни области.

Свињарската фарма – Жито Малеш, постојано работи на развој на услугите кои ги нуди и за време на пандемијата од КОВИД 19, немаше намалување на бројот на вработени и со тоа допринесе во развој на стопанството во Општина Берово и им беше доделена благодарница.

Изминатите години  Југослав Белада, се посветува на сликање фотографии од Ратевските Бамбурци. Денес од тие фотографии е направена изложба, за што од страна на комисијата му беше доделена благодарница за посебен придонес во уметноста.

Музичката група – Штекица, успешно го реализира музичкиот проект – МОЕ БЕРОВО, со што остави белег кој ќе се пренесува од генерација на генерација и заслужено доби  благодарница за посебен придонес во равојот на културата и афирмација на општина Берово.

ОФК Малеш, младинска школа, измината година анимира голем број на нови членови, при што формирани се екипи, од најмали нозе и заслужено добива благодарница за посебен придонес во спортот.

ООУ Дедо Иљо Малешевски последниот период заличува на модерна установа, која постојано го унапредува процесот на образование и ги подобрува условите за учење. Се доделува благодарница за  посебен придонес за развој во образованието на Наташа Аврамска.

Здружение  на граѓани  ,,ПАТ ФАЈНДЕРС” ,  во годината што измина, реализира голем број на настани, акции и во општествената свера се појави како ново, но, многу активно здружение, за што доби благодарница,  за придонес во заштитата и унапредувањето на животната средина и природата.

Со рекунструкција на бараката, која се наоѓа веднаш до комплексот Стара Гимназија, ресторан Бер-Лина го разубави влезот на градот и направи нова убава гледка, за граѓаните и за туристите. Му благодариме на инвеститорот што ни го разубави градот и заслужеено ја доби благодарницата за придонес во развојот на угостителството.

Како поактивни членови во сверата на социјалната заштита, Општина Берово доделува благодарница на:

Светлана Корчовска, за посебен придонес во развој на Социјалните услуги во рамките на проект ВОЗВРАТИ СО ЉУБОВ ГРИЖА И ПОЧИТ, и на

др. Иван Апостолов, за самостоен придонес од областа на социјалната заштита.

Тимот на итната медицинска помош, при ЈЗУ Здравствен дом – Берово, успешно се справи со сите предизвици кои ги донесе корона вирусот. Со тоа ја заслужи благодарницата за посебен придонес во здравствената заштита.

Пчеларство Дочински, успешно ја афирмира Општина Берово, во државни и меѓународни рамки и секогаш се  спремни за партнерска соработка. Општина Берово додели благодарница за посебен придонес во развојот на земјоделството.

За посебен придонес во зачувување на традиционални вредности  благодарница му е доделена на – Игумен Фотиј (Величков).

Благодарници за посебен придонес во противпожарната заштита во Општина Берово,  за несебичниот придонес во набавка на опрема,  со која Територијалната противпожарна единица е поспремна за делување на терен. Благодарници се доделуваат на:

Доброволно инндустриска противпожарникарска бригада – рудник за јаглен Велење

ПГД МАТЕРИЈА

ПГД КРКАВЦЕ

ПГС КОПЕР ДОО

Доброволно противпожарно друштво Нова Горица

ПГД ПОБЕГИ ЦЕЗАРЈИ

ПГД ХРВАТИНИ

Им ги честитаме успесите на сите и им посакуваме и во иднина,  да продолжат да работат  за  подобра иднина за сите.

  Категории: