По две години пауза, во периодот од 26 до 28.08.2022 година, Берово го најавува тридневниот Етно Плоштад Фестивал 2022 година
Интензивно се работи на последните подготовки на еден од најдобрите и најпосетените културни настани во источниот регион.
Фестивалот ќе започне на 26 август (петок), со свечено отварање во 19:00 часот, на сцената во центарот во Берово, после што настап ќе имаат голем број препознатливи музички имиња, со кои ќе бидат задоволени различните музички вкусови.
Фестивалот е финансиски поддржан од Министерството за култура, а генерален спонзор е општествено одговорна компанија АВИАТОР ДООЕЛ Скопје.
Во рамките на ЕТНО Плоштад фестивалот, можете да ги посетите и тезгите со здрава храна, сувенири, ракотворби, еколошки производи, традиционални занаети и слично.
Несомнено е дека Етно плоштад фестивалот и Берово се следната културна дестинација,оваа недела, од 26-ти до 28-ми август.