ОДРЖАНА ШЕСТАТА ПО РЕД ШТРАПАРИЈАДА ВО БЕРОВО

ОДРЖАНА ШЕСТАТА ПО РЕД ШТРАПАРИЈАДА ВО БЕРОВО
август 28 20:47 2023

Голем број на посетители вчера присуствуваа на шестата по ред Штрапаријада, натпревар на влечење труп со коњи, која од година во година станува се поинтерсена за граѓаните. Преку 20 натпреварувачи, во лесна, средна и тешка категорија, се натпреваруваа на настанот во одмерување на силата на нивните коњи. Сопственици на убави и скапи коњи пристигнаа од неколку градови во Македонија и тоа: Кичево, Виница, Скопје, Велес, Струмица и Берово за да учествуваат на овој спортски натпевар кој распространет во целиот свет.

Организаторите на настанот истакнаа дека ова е еден вид случување, каде сите се собрани да се дружат и забавуваат, без малтретирање на животните, туку да ја видат силата на преубавите коњи, кои тие долги години ги гледаат, ги сакаат и егзистираат од нив.

-По шести пат ја организираме оваа Штрапаријада во Берово.Тука сме собрани за спорт и дружба. Кој го разбира зборот Штрапаријада треба да знае дека тоа е спортски натпревар без удирање или малтретирање на коњите. Ние само сакаме да се дружиме, да се прави поголем собир тука во Берово и да се знае дека и Беровци чуваат коњи. Имавме реакција од здруженија за заштита на животните дека вршиме тортура врз коњите, но еве само можам да кажам дека денес ќе се види дека нема малтретирање или ударање, бидејќи ние ги неговаме и чуваме долги години – вели Сенат Чиндаров еден од организаторите на настанот.

Младиот Даниел Василевски од Берово по трет пат учествува на Штрапаријадата. Настанот го оценува како одлично случување за дружба во спортски дух. Овојпат се натпреварува со два коња.

– Јас се натпреварувам со два коњи на овој спорски настан кој го организираме двапати во годината поточно за празникот Ѓурѓовден и денешниот празник Голема Богородица. Има коњи од секаде, мали, средни, големи, а конкуренцијата е голема. Ова е спортски настан без малтретирање на коњите во кој сите се дружиме и верувам дека ќе продолжи да се одржува на уште поголемо ниво – вели натпреварувачот Даниел.

Поради големата заинтересираност на Беровчани и посетители од неколку соседни градови и туристи, оваа година организаторите ја збогатија програмата со музика во живо, штандови за освежителни пијалоци како и скара на жар. Како дополнителна атракција настанот дополнително ја вжешти танчерка од соседна Бугарија, која во својот настап пред присутните се престави со одличните танчерски способности.

На момент Штрапаријадата беше прекината, по доаѓање на престваник од АХВ, каде и покрај сите пријави и одобрување на настанот, дополнително се проверуваше дали коњите се чипирани, со што се крена незадоволство меѓу присутните. По краткиот револт, спорстскиот настан продолжи во одлична атмосфера и забава за сите.

Ѓокан Мирчев од Струмица, кој со два коња учествуваше на Штрапаријадата во Берово, е еднинствениот претставник од Македонија кој се натпреварува во соседните балкански земји на вакви спортски настани. Тој исто така е државен шампион без конкуренција на сите одржани Штрапаријади во Македонија, а оваа година ги собра сите награди во две категории. Вели дека љубовта кон књите му е вродена, па после долги години живот во Германија, решил да се врати овде и освен со семејниот хотелиерски бизнис, да посвети внимание и за неговата пасија и љубовта кон коњите.

-Сакам да ги поздравам сите пријатели и присутни и моментално сме во Бероово на една добро направена манифестација, за сите спортисти и љубители на коњи. Јас со моите коњи спортувам насекаде, овде во Македонија, во соседните балкански држави, каде на повисоко ниво се одржуваат ваквите настани. Знаете дека сум шампион со моите коњи, последниот пат бев во Жарковац во соседна Србија, каде учествував на балканска Штрпаријада – вели Џоканов.

Во однос на реакциите на неколку здруженија за заштита на животните пред да се одржи оваа Штрапаријада во Берово, Џоканов посочува дека зборот малтретирање е голем поим што нема никаква врска со нивниот однос спрема коњите, бидејќи тие ги одгледуваат како мали деца.

-Малтретирање е голем поим. Тие коњи ние што ги имаме ти се гледани како мали деца, а тоа кошта пари. Јас имам тројца вработени кои ги плаќам за да ги чуваат моите коњи. Тие коњи се повеќе гледани и од луѓе, така да малтретирање е голем поим. Нека го бараат малтретирањето по други места каде коњите не се одгледуваат, не се хранат им се гледаат ребра, полни се со рани, кои што се жедни и гладни, а нашите коњи со кои спортуваме се гледани ќе повторам како мали деца – додава Џоканов.

На крајот на Штрапаријадата, беа прогласени и победниците во трите категории на натпреварување, со пригодни парични награди и круна за шампионот во тешка и средна категорија Џокан Мирчев од Струмица.

Еве ги и победниците на празничната Штрапаријада која се одржа во Берово:

Лесна категорија:

1 место – Фазлија Демировски од Берово

2 место – Сенат Чиндаров од Берово

3 место – Славчо Бараковски од с. Ратево Берово

Средна категорија:

1 место – Џокан Мирчев од Струмица

2 место – Џокан Мирчев од Струмица

3 место – Љупче Ѓерински од Берово

Тешка категорија:

1 место – Џокан Мирчев од Струмица

2 место – Џокан Мирчев од Струмица

3 место – Љупче Ѓерински од Берово

  Категории: