Вандализам: Испокршени канделабрите по кејот на Брегалница

Вандализам: Испокршени канделабрите по кејот на Брегалница
јануари 03 16:47 2023

Синоќа по патеката на реката Брегалница веројатно под „дејство“ на наплив на љубов и почит кон заедничкото, непознат сторител или сторители направиле акт на вандализам и ги испокршиле канделабрите по пешачката патека на реката Брегалница.

Канделабрите ќе бидат заменети најбрзо што е можно за да нема дел кој не е осветлен по патеката.

Општина Берово случајот ќе го пријави во министерството за внатрешни работи за по службена должност да ги откријат и казнат сторителите.

Таквите поединци кои не се целосно социјализирани и немаат развиено чувство за грижа за заедничкото, делувајте кон нив, подучете ги, објаснете им што е заеднички имот, што е општество, како се грижиме сите за тоа што е наше, што е заедничко, кое се плаќа од сите па и од нивните џебови за да ни биде убаво на сите. Еден од нив да вратиме да биде нормален и чесен граѓанин, пак ќе биде успех.

Општина Берово излезе со апел, да не се уништува ништо, да не се уништува заедничкото, тоа се создава за да ни биде поубаво на сите нас.

  Категории: