Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ Берово, денес во големата сала на Бизнис инкубаторот одржа конститутивна седница , на која новиот претседател Столе Кракутовски, ги претстави новото претседателство и новиот состав на членови на Општинскиот комитет кој брои 33 членови.
Со сите мерки и протоколи за заштита од пандемијата од КОВИД 19, на самата седница исто така беа претставени и новите претседатели на локалните партиски комисии.
Општинскиот комитет во Берово ги има следните комисии:
На конститутивната седница накратко беа дискутирани идните партиски активности кои е потребно да бидат превземени, во согласност со политиките на ВМРО ДПМНЕ на централно ниво.
Претседателот на ОК Берово ги најави и активностите кои што претстојат по повод настанот кој секоја година го организира ВМРО-ДПМНЕ Берово, во чест на Македонскиот револуционер, борец за слободна Македонија Даме Груев.
Најавен беше и традиционалниот марш до местото на загинувањето на планината Петлец, со покана до сите присутни и сите останати кои сакаат да оддадат почит на ден 26.12.2020 година, со следна агенда:
-09.00 часот – Собирно место на центарот во Русиново,
-положување на свежо цвеќе на бистата на Даме Груев во центарот на Русиново,
-Панихида на надгробната плоча на револуционерите на гробиштата во Русиново и Тргнување кон Петлец.