Недостаткот од сместувачки капацитети, ниското ниво на хигиена и зголемениот број на депонии го кочат туризмот на Истокот. Развој на оваа гранка не е можна без да се решат овие проблеми и да се инвестира во нивно отстранување, сметаат туристичките работници.
Станува збор за проблеми чие решавање е долготрајно, но и скапо и за што е потребна финансиска помош од страна. Токму тоа го нуди вториот повик на Проектот за локална и регионална конкурентност на туризмот кој ќе трае до крајот на месецот. Истиот предвидува грантови во визина од 14,3 милиони евра, поделени во три групи.
Проектот за локална и регионална конкурентност е финансиран од Европската Унија и Светска банка во износ 18 мил евра и контрибуција на македонската влада во износ од 3,2 мил евра. Во првиот повик биле доделени средства од 2 милиони евра, на општините Вевчани, Крушево, Чаир и Босилово.
ИЗВОР: Тв Стар