КОГА ПОСЛЕДЕН ПАТ СТЕ НАПИШАЛЕ И ПРАТИЛЕ НЕКОМУ ПИМО?

КОГА ПОСЛЕДЕН ПАТ СТЕ НАПИШАЛЕ И ПРАТИЛЕ НЕКОМУ ПИМО?
јануари 28 22:06 2024

Праќањето писма порано беше важна улога во нашата комуникација и известување.Тренд беше да испратиш некому писмо, а во него личен ракопис на бела хартија.

За новогодишните празници пак имавме навика да испратиме честитка на која упатувавме и пишувавме желби за добро здравје и успех на сите наши најмили, познаници, професори и пријатели, па не ни беше тешко ниту да ги поздравиме со писмо познаниците во странство. Сето тоа значеше почит едни кон други и знак на близината која ја имавме помеѓу нас.

Денес е сосема друго. Во ова време и покрај развиената технологија, немаме време или пак не се замараме да прашаме некој наш близок што е и како е.

Кога последен пат сте напишале и испратиле писмо? Не верувам дека некој сеуште го прави тоа.

Но, ајде да се потсетиме, еве испратете било кој од вас, писмо до нашата редакција, ( доколку не ви е тешко ) напишајте што мислите за нашиот портал, па ние ќе го објавиме.

Ова е нашата адреса: Портал Малеш Нет, ул.23 Август бр.36 2330 Берово, Македонија.

Еве една поштенска марка за писмо од 2001 година, со стара малешевска куќа од селото Митрашинци, која се применуваше порано при праќањето на писма.

  Категории: