КОИ ГРАЃАНИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА ОД 9.000 И 3.000 ДЕНАРИ?

КОИ ГРАЃАНИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА ОД 9.000 И 3.000 ДЕНАРИ?
мај 29 23:59 2020

Платежна картичка со сума од 9.000 денари за купување на домашни производи ќе добијат само активните невработени кои секој месец се пријавуваат во Агенција за вработување.

Според списокот кој го испратила Агенцијата до генералниот секретаријат до 22 мај има 119.000 вакви лица, додека околу 85.000 другите лица кои бараат работа и се пријавуваат на шест месеци, не влегуваат во оваа листа.

Но последниот филтер кој ќе добие картичка ќе го прави УЈП која ќе ги избрише тие кои имале приход по разни основи кои надминале 15.000 денари месечно.

Картичка со сума од 3.000 денари пак ќе добијат вработените со вкупни приходи не само од плата, до максимум 15.000 денари месечно.

На, списокот со помош од 3.000 денари ќе бидат и сите редовни средношколци и студенти од 16 до 29 години,но само од државните училишта и универзитети. Бројките сега се сумираат од повеќе институции, а финансии очекува во овие мерки да влезат околу 280.000 лица, за кои се издвоени вкупно 25 милиони евра.

Генералниот секретар Драги Рашковски, за Телма вели дека до крајот на денешниот ден ќе ги имаат сите списоци кои потоа треба да ги филтрира УЈП во однос на приходите на овие лица.

Недостасува уште бројот на медицински лица вклучени во борбата со Ковид 19 кои на овие платежни картички треба да добијат вкупно 40 проценти од послената нето плата, и да ги трошат за купување на домашни производи.

Опозициската ВМРО -ДПМНЕ ја обвини власта дека со мерките прави предизворен поткуп на гласачи, а  антикорупциска се произнесе дека под нејзина лупа ќе биде  реализацијата на владините мерки, особено на исплатата на парите на граѓаните од третиот пакет.

Граѓаните картичките од банките ќе ги добијат на почетокот на јули, а ќе треба да ги потрошат парите на купување на домашни производи и услуги, до крајот на месецот.

Извор: telma.com.mk

  Категории: