Советот на Општина Берово, на утрешната 7-ма седница, повторно ќе го гласа предлог буџетот за 2022 година, откако преходно на 5-тата седница поради отсуство на претседателот на Советот, со седум гласа За и седум воздржани, не беше изгласан.
Утрешната седница ќе се одржи онлајн на платформата Zoom, а за причините го прашавме градоначалникот Пекевски кој рече:
-Седниците на Советот и начинот на кој ќе се одржуваат ги одредува претседателот на Советот.Мислам дека е закажана онлајн поради датумот 31.12 и ризикот некој од членовите на Советот да не иде во изолација и да не може да присуствува на седницата или да биде надвор од Берово – рече градоначалникот Пекевски.
Седницата е закажана во 8 часот.