„Педесетте лица на стравот“ (Fifty Faces of Fear) е перформанс кој ќе биде оддржан на 31 октомври, односно на Ноќта на вештерките, во Социјален центар Дуња. Перформансот е ново освежување во градот, настан кој не смеете да го пропуштите!Се работи за мултимедијален настан креиран од театрот „Златен Елец“, „Космик Вижн“ и „Театроск“ којшто вклучува „Kуќа на Стравот“, изложба на фотографии, актерски перформанс и живи статуи.– Нашата цел е да понудиме нешто ново на уметничката сцена, да се надоврземе на класичното и да го издигнеме на повисоко и модерно ниво, оттука креирајќи алтернативни начини на креативно изразување и презентирање.
Идејата зачна по изработка на 50 дела кои ја обработуваат тематиката „Страв“, изработени од „Космик Вижн“ (Воислав Пехчевски и Емилија Апостолска). Соработката со Надица Петрова и Давид Илиќ од театар „Златен Елец“ и Милена С. Цветановска и Војо Цветановски од театар „Театроск“, како и престојниот интернационален празник „Халовин“ доведе до раѓање на идеја за формирање на овој уникатен настан – велат организаторите на перформансот.Организаторите повикуваат заинтересираните да бидат дел од ова екстремно искуство каде ќе бидат сведоци на единствената „Куќа на Стравот“ во нашата земја и да повелат на дружба со познатите хорор-ликови како што се Фреди Кругер, Џокерот, Харли Квин, Господарката на злото, како и разни зомбија, вештерки, морбидни кловнови и уште многу други изненадувања.Изложбата на фотографиите ќе трае и во наредните 2 дена, први и втори ноември, од 17 до 22 часто, со можност за купување на вашата омилена фотографија. Настанот е за лица од 16 години нагоре, и не е препорачлив за луѓе со слабо срце и луѓе кои страдаат од епилептични напади. Настанот ќе се спроведува според сите протоколи на ковид-мерките.
Инаку организаторите на настанот во кој учествува и нашиот беровчанец, Воислав Пехчевски, најавуваат дека во следниот период не ја исклучуваат можноста овој настан да биде презентиран и пред публиката во Берово.