БЕРОВО СО ТРИ НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНА ВИРУСОТ.

БЕРОВО СО ТРИ НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНА ВИРУСОТ.
август 25 16:59 2020

Три ново заразени со корона вирусот се регистрирани во последните 24 часа во Берово,информира Министерството за здравство,со што вкупната бројка на активни случаи во нашиот град се искачи на вкупно 33 лица.

Во продолжение проследете го дневниот извештај на МЗ.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1768 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-38, Куманово-23, Дебар-1, Штип-3, Прилеп-15, Тетово-8, Струга-2, Велес-5, Битола-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-12, Струмица-1, Пробиштип-3, Пехчево-2, Берово-3, Виница-1, Делчево-3, Свети Николе-3, Неготино-1. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 60 оздравени пациенти од: Скопје-19, Дебар-1, Битола-3, Кавадарци-11, Гостивар-22, Демир Хисар-1, Кичево-2, Неготино-1. 

Починати се 5 лица, една пациентка од Крива Паланка (69г), двајца од Гостивар (77г и 63г), еден пациент од Неготино (69г) и еден од Скопје (70г). Сите се починати во болнички услови. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13799,  бројката на оздравени пациенти е 10210, на починати е 573, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3016. Денеска се евидентира еден контролен тест од вчерашните тестирања, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 5733, активни 892

• Куманово 1401, активни 362

• Дебар 242, активни 77

• Штип 1111, активни 261

• Прилеп 414, активни 78

• Тетово 1197, активни 181

• Струга 547, активни 142

• Велес 264, активни 38

• Битола 197, активни 53

• Охрид 326, активни 60

• Кавадарци 170, активни 90

• Гостивар 752, активни 300

• Гевгелија 42, активни 24 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)

• Струмица 58, активни 23

• Крива Паланка 37, активни 11

• Радовиш 40, активни 11

• Крушево 16, активни 0

• Кочани 134, активни 30

• Пробиштип 79, активни 24

• Демир Хисар 60, активни 26

• Македонски Брод 69, активни 36

• Пехчево 12, активни 6

• Берово 42, активни 33

• Валандово 7, активни 0

• Виница 64, активни 42

• Делчево 38, активни 33 (7 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) 

• Кратово 16, активни 2

• Свети Николе 278, активни 68

• Кичево 263, активни 98

• Ресен 146, активни 1

• Неготино 44, активни 14 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)