МЛАДИ УМЕТНИЦИ ОД БЕРОВО СО ИЗРАБОТКА НА МУРАЛ ГО ОВЕКОВЕЧИЈА ЛИКОТ НА ДАМЕ ГРУЕВ – Mалеш Нет

МЛАДИ УМЕТНИЦИ ОД БЕРОВО СО ИЗРАБОТКА НА МУРАЛ ГО ОВЕКОВЕЧИЈА ЛИКОТ НА ДАМЕ ГРУЕВ – Mалеш Нет
август 26 15:05 2023

Млади уметници од Берово, кои се занимаваат со цртање на графити, деновиве изработија мурал со кој го овековечија ликот на револуционерот Даме Груев. Ова прекрасно нивно дело го краси еден од зидовиде на патот од Берово до Струмица.

Главните карактеристики и теми на нивните уметнички изработки се базираат на патриотизмот, љубовта кон Македонија, емпатијата на градот Берово и сите други, со што испраќаат порака за почитување на нашите херои и вредности кои се од исконско значање и треба секој да ги вреднува.

-Со овој мурал кој го изработивме, сакаме да упатиме порака како млади уметници, дека треба сите да си ја сакаме нашата Македонија, да ги почитуваме нашите историски вредности и личности и да ги вреднуваме нивните дела. Ова е само еден мал дел за почит кон нив, а ликот на нашиот херој Даме Груев го овековечивме за да сведочи како личнот која е од огромно значање за Берово, Малешевијата и за целата држава.
Со ова дело сакаме да изразиме револт спрема моменталната ситуација со форсирање на турбо фолкот и кичот во Берово и сите други места во Македонија, кој ја уништи чаршијата и самиот град. Се спотивставуваме на погрешните вредонсти на рѓосани странски и секакви култури кои ни се наметнуваат, во замена за нашата богата македонска култура и традиција, која посебно помеѓу младите е заборавена. Продолжува нашата борба со овој вид на уметност и во иднина ќе презентираме вакви дела за достоинството и делата на нашите македонски херои – велат младите уметници.

Го поздравуваме ова дело на беровските уметници, со успех за уште неколку ваки мурали во градот Берово и пошироко. Браво момци.