ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА УПИС НА ПРВАЧИЊА ВО УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА ВО ООУ„ДЕДО ИЉО МАЛЕШЕВСКИ“ БЕРОВО

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА УПИС НА ПРВАЧИЊА ВО УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА ВО ООУ„ДЕДО ИЉО МАЛЕШЕВСКИ“ БЕРОВО
април 26 20:07 2023

УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

  1. Децата кои до крајот на календарската година ќе наполнат шест години (односно родени 2017
    година).
  2. По исклучок, детето може да се запише во прво одделение , доколку наполни шест години до 31
    јануари наредната 2018 година, по претходно барање од родителот, односно старателот и добиено
    мислење од педагогот или психологот во училиштето.
  3. Запишувањето на детето, на барање на родителот, односно старателот, здравствената установа
    може да го одложи за една година ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште.

Уписот ќе биде во тек на месец MАЈ.

  • Децата се запишуваат во основното училиште во реонот во кој живее или каде што постојано
    престојува или
  • Децата може да се запишаат во друго основно училиште во истиот или во друг реон ако за тоа
    има согласност од училиштето во кое се запишува и од учичиштето од реонот во кој живее или
    каде што постојано престојува.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

  • Извод од Матична книга на родените;
  • Потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежната здравствена
    установа;
  • Потврда од извршен систематски преглед од стоматолог, издадена од надлежната
    здравствена установа;
  • Потврда од извршен офталмолошки преглед од доктор специјалист, издадена од надлежната
    здравствена установа.

Пријавата со потребните документи треба да се достават во просториите на ООУ,,Дедо Иљо
Малешевски“- Берово, на денот наведен во поканата за упис.

  Категории: