По завршениот распит во полицијата, сточарот Александар Мачевски потврди дека ќе поднесе кривична пријава против Анима Мунди и против лице кое на фејсбук упатило бројни навреди против него по случајот со видеото за кое Анима Мунди претходно излезе со обвинување за малтретирање невино животно во домот на Мачевски, со што како што вели самиот сточар нанесена е огромна штета по угледот на семејството.
Мачевски во изјава за нашиот медиум истакна дека иако фокусот на здружението бил кон инспекторот, сепак со ,,самото” инволвирање на неговото семејство, е нанесена огромна штета врз угледот на семејството заради што ќе следува пријава до Здружението, а дополнително за навреди упатени лично кон него, ќе биде поднесена пријава и до поединец од Берово кој навредите кон Мачевски ги упатил на социјалните мрежи.
За потсетување Мачевски минатиот петок постигна добра цена за продаденото јагне, заради што вечерта организираше прослава во знак на благодарност до сите кои му помогнаа продажбата успешно да се реализира. Со цел наредната година да биде поуспешна, во неговиот дом беше изведен стар обичај, кој бидејки беше снимен со мобилен телефон беше окарактеризиран како повреда на невино животно од страна на здружението и притоа инспектор за благосостојба на животните кој присуствувал на прославата беше обвинет дека не го заштитил животното. Како што ни потврди самиот сточар пријава до здружението ќе следува и од самиот инспектор.
Семејството Мачевски како што и претходно напоменавме со сточарство се занимава од 2006 година и меѓу сточарите се познати како вредни луѓе и сточари кои ги сакаат домашните животни. Токму поради ова Мачевски ја имаа поддршката од цела Македонија, а најмногу од сточарите од Малешевијата и пошироко кои цврсто застанаа во одбрана на вредниот сточар и неговото семејство.
Во продолжение се потсетуваме на изјавата на Мачевски: