ЛЕВИЦА – БЕРОВО СО СВОЈ ПРЕДЛОГ ЗА НАСТАВА СО ПРОДОЛЖЕН ПРЕСТОЈ

ЛЕВИЦА – БЕРОВО СО СВОЈ ПРЕДЛОГ ЗА НАСТАВА СО ПРОДОЛЖЕН ПРЕСТОЈ
јуни 30 11:06 2022

Квалитетното образование е главен стожер на функционално здравство, стабилна економија, активен и исполнет културно-спортски живот, силна социјална политика, прочуени занаетчии и трговци, но секако, пред се` друго, здрави, амбициозни и мотивирани деца, насочени кон критичко расудување, логичко мислење, тимска работа и сплет од многу нови идеи и планови, насочени кон креирање на силна, достапна за сите, просперитетна држава.

Социјалистичка Република Македонија имаше систем во кој секое дете го следуваше топол оброк во рамките на школската кујна, затоплени училници и помошни простории во текот на зимскиот период.

Една од тогашните мерки беше и продолжената настава која не беше облигациона за родителите, меѓутоа беше лесно достапна доколку некој родител поради работни или друг вид на приватни обврски, не можел да воспостави максимална грижа за навремено и квалитетно извршување на образовните активности, како школски така и домашни на своето дете/деца.

Продолжената настава претставува надоградба на школската настава која ја посетуваат децата во раните школски одделенија. Таа треба да им овозможи поголема флексибилност во извршувањето на своите школски активности, простор за повторување на потешко совладливиот материјал, повисок степен на социјализација и меѓусебно запознавање, поголема интерактивност, забележување на деца кои имаат посебни афинитети и талент кон одредени области.

Левица – Берово има неколку предлози кон општинските власти:

 Повторно отварање на школската кујна која како објект постои во рамките на основното училиште и истата да биде со пристапни цени за сите деца, а децата од ранлива категорија да бидат ослободени од плаќање;

 Овозможување продолжена настава до петто одделение која ќе биде бесплатна и достапна за сите ученици;

 Да се формираат компактни групи, па дури и да се мешаат децата од различни одделенија со што би се посветило повеќе внимание на аспектот на социјализација и полесно меѓусебно запознавање, а притоа да бидат вклучени повеќе наставници со што би се добило на разноликост во рамките на предавањата и пренесувањето на наставните единици;

 Повторно вклучување на 10-15 минутна утринска гимнастика за време на една од кратките паузи за одмор, со цел превенција и минимизирање на деформитетите со кои се` повеќе се соочува популацијата во таа годишна рамка.

 Воведување на планинарење како активност за запознавање со природата и локалните споменици, како на територијата на општина Берово, така и на територијата на нашата соседна општина Пехчево, со присуство и помош за реализација на истата од страна на локалци кои се љубители на планинарењето.

  Категории: