(ВИДЕО) ОК ВМРО ДПМНЕ БЕРОВО ПРЕЗЕНТИРАШЕ ДОКАЗИ ЗА НЕЗАКОНСКОТО РАБОТЕЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕКЕВСКИ.

(ВИДЕО) ОК ВМРО ДПМНЕ БЕРОВО ПРЕЗЕНТИРАШЕ ДОКАЗИ ЗА НЕЗАКОНСКОТО РАБОТЕЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕКЕВСКИ.
април 04 19:13 2021

Се разгорува политичката сцена помеѓу двете големи партии во Берово.Овојпат во контра демант и одговор од страна на ОК ВМРО ДПМНЕ Берово, на денешниот прес беа изнесени јавно докази односно пресудите од Основниот суд во Кочани и Апелациониот суд Штип, за како што велат од партијата незаконското работење на градоначалникот Пекевски, во однос со раскинувањето на купопродажен договор за продажба на градежно земјиште во Берово во споственост на РМ, на правен субјект од дрвно – преработувачката индустрија од негова страна.

Од партијата додадоа дека ова е доказ дека сето претходно изнесено од нивна страна е вистина, а градоначалникот Пекевски залудно демантира, бидејќи како што се гледа од изнесените извршни пресуди, штетата од 3.600 која тоја ја направил ќе мора да ја платат граѓаните на Берово.

Понатаму на денешниот прес на ОК ВМРО ДПМНЕ Берово, истакнаа дека се спремни за дуел со градоначалникот Пекевски, кој претходно повика да се соочат пред јавност.

Во продолжение погледнете го денешниот прес на ОК ВМРО ДПМНЕ Берово.

  Категории: