КУД ,,Димитар Беровски”, одржа одличен новогодишен концерт, на кој настапија сите членови на културно уметничкото друштво, од 6 до 18 години.

КУД ,,Димитар Беровски”, одржа одличен новогодишен концерт, на кој настапија сите членови на културно уметничкото друштво, од 6 до 18 години.
декември 23 16:09 2022

Синоќа, во холот на ОСУ ,,Ацо Русковски” во Берово, имавме можност да проследиме вредно, традиционално и фолклорно културно богатство, кое годинава го создаваа членовите на КУД ,,Димитар Беровски”, при ДК ,,Димитар Беровски”.

Членовите на КУД ,,Димитар Беровски”, одржаа одличен новогодишен концерт, на кој настапија сите членови на културно уметничкото друштво, од 6 до 18 години.

Во нашето културно уметничко друштво, со децении наназад, се гради и презентира програмски репертоар, во кој многу членови го почуствувале духот на традицијата и  се негува народната култура во Берово.

На сцената настапија членовите на детските фолклорни ансамбли, а имавме можност да уживаме и во професионално извежбаните кореографии на поголемите групи.

Дека традицијата и фолклорот се нераскинлив дел од современото живеење, синоќа, уште еднаш, ни покажаа, вредните уметници од КУД,,Димитар Беровски” од Берово, кои преку  традиционалниот новогодишен концерт, ни  го претставија годишното работење на ова друштво.

  Категории: