ЗАПОЧНАА ВТОРИТЕ ПО РЕД“ТРУЈЧИНДЕНСКИ РУСИНСКИ СРЕДБИ“ ВО СЕЛОТО РУСИНОВО

ЗАПОЧНАА ВТОРИТЕ ПО РЕД“ТРУЈЧИНДЕНСКИ РУСИНСКИ СРЕДБИ“ ВО СЕЛОТО РУСИНОВО
јуни 13 11:47 2022

Во селото Русиново, вчера беа отворени вторите по ред ,,Трујчински русински средби” во чест на празникот на селото „Света Тројца“. Многу народ се собра во центарот на с. Русиново, месното население, но и многу гости, на традиционалната прослава на големиот христијански празник ,,Света Троица” заштитник на селото.

Оваа година, организациониот одбор, во соработка со Општина Берово и фирми од приватниот сектор, организираат богата културно уметничка програма, под наслов,,Трујчински русински средби”.Средбите ги отвори градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски кој во своето обраќање истакна дека оваа манифестацијата во иднина треба да прерасне во традиција и низ фолклор традиционално да се негуваат големите христијански вредности.

На прославата во текот на вчерашниот ден настапија КУД ,,Димитар Беровски” и оркестарот ,,Беровски тамбураши”, при Дом на културата од Берово, ученици од с. Русиново и некои македонски пеачи.Прославата ќе продолжи наредните два дена, кога месното население од с. Русиново, ќе го одбелжува денот со семејни слави.

Во денешната програма на вториот ден од прославата во селото, како главна звезда ќе настапи нашиот познат артист Влатко Миладиновски, како и настапи на играорни и музички групи со изведба на стари народни песни од Малешевскиот крај.

  Категории: