Доделени благодарници и парични награди на ученици- првенци на генерација и талентирани ученици

Доделени благодарници и парични награди на ученици- првенци на генерација и талентирани ученици
август 23 13:35 2022

Во рамки на свечената седница на советот на Општина Берово, во чест на 23 Август, на  талентирани ученици и првенци на генерација, денеска им беа доделени благодарници и парични награди.

За освоено прво место на државен натпревар по информатика, доделена е благодарница и  парична награда на „Берово  Петар Ковачовски – Од ОСУ„Ацо Русковски.

Од ООУ „Никола Петров Русински„- Русиново, благодарница и парична награда  и е доделена на Алексија Буровска – за освоено прво место на државен натпревар по француски јазик.

Честитки до наградените ученици и нека овие награди бидат само поттик кон освојување на уште поголеми награди во иднина

За првенец на генерација,  во учебната 2021/2022 година, од ОСУ „Ацо Русковски“ Берово, доделена му е  решение со парична награда на учениот  Петар Ковачовски ;

Од ООУ „Никола Петров Русински„- Русиново- за првенец на генерација во учебната 2021/2022 година, решение со парична награда  и е доделена на  Теа Алаѓозовска.

Честитки до првенците на генарација од ОСУ „Ацо Русковски“ и од ООУ „Никола Петров Русински“ и посакуваме во иднина да продолжат да ја афирмираат општината на повисок ранг.

Благодарница доби професорката по информатика во ОСУ „Ацо Русковски“ Берово – Ивана Димовска, ментор на ученикот Петар Ковачовски за постигнатиот успех на државниот натпревар по информатика.

Благодарница беше доделена и на наставничката по француски јазик, во ООУ „Никола Петров Русински“ с.Русиново, Берово – Ленче Магдова, ментор на ученичката Алексија Буровска за постигнатиот успех на државниот натпревар по француски јазик.

Овие награди нека им бидат поттик и понатаму да работата на унапредување на наставниот процес  и да создаваат успешни генерации.

Решенија со  парична награда добија и  спортистите од пингпонгарскиот клуб ППК Берово. Општина Берово се гордее со успехот на овие спортисти и им посакува во иднина уште поголеми достигнувања.  За постигнувања на државни и меѓународни натпревари општината доделува решенија за парична награда на;

Изабела Ковачовска;

Кристијан Каламадевски;

Моника Стајковска;

Сара Ризовска;

ППК Зегин од Берово изминатиот период бележи значителни резултати и достигнувања од областа на спортот. Посакуваме во иднина анимација на нови членови и продолжување со афирмација на Општина Берово на државни и меѓународни рамки.

Им честитаме на наградените ученици и ментори и им посакуваме многу успех во иднина.

  Категории: