ИНСПИРАТИВНА ПРИКАЗАНА: ЈАСТРЕБОТ КОЈ СТАНА КОКОШКА

ИНСПИРАТИВНА ПРИКАЗАНА: ЈАСТРЕБОТ КОЈ СТАНА КОКОШКА
февруари 13 12:09 2024

Се вели дека еднаш одамна живеел јастреб на рид обраснат со шума. Направил гнездо на круната на едно дрво, во кое неговата женка подоцна снела четири јајца. Меѓутоа, недолго потоа се случил силен земјотрес и јајцата испаднаа од гнездото. Се споменува дека едно јајце завршило во фарма за кокошки лоцирана под ридот. Кокошките знаеле дека треба да се грижат за јајцето, па грижата за него ја препуштиле на една стара кокошка. По некое време, јајцето пукна и излезе прекрасно јастребче. Меѓутоа, тој мал јастреб бил одгледан во таква средина што се уверил дека е кокошка.

Еден ден, додека си играл со своите врсници на фармата, малиот јастреб видел јато јастреби како летаат високо во воздухот и кружат над фармата. Малиот јастреб во тој момент сакал да лета како јастреби, па бил исмеан од кокошките кои му рекле: „Ти не си ништо друго освен кокошка и не можеш да леташ како јастребите, сфати го тоа еднаш!“ По некое време, јастребот се откажал од соништата и желбите и умрел убеден дека е кокошка. Овој јастреб, само затоа што израснал меѓу кокошки, верувал дека и тој е од нивниот вид, а познато е дека кокошките не можат да летаат, па не обрнувал многу внимание на тоа, освен што, во еден момент посакал тоа лета.

Главната поука од оваа приказна е дека ако се предадете и се поклоните на негативната и песимистичка реалност, ќе станете заробеник на она во што слепо верувате, иако тоа не е вистина. Затоа, ако сте јастреб, обидете се тска и да живеете и да летате високо. Не се откажувајте од вашите соништа и не слушајте што ви кажуваат кокошките.

И знајте дека вашето мислење за себе и вашите аспирации се границата што го дели успехот од неуспехот. Токму затоа мора да ја зголемите вашата самодоверба и да се дружите со луѓе кои постојано ќе ви ја зајакнуваат одлучноста и самодовербата.

И уште нешто, слободно сонувајте и работете и потоа летајте високо на небото на успехот. Не биди како јастреб кој бил убеден дека е кокошка. Возвишениот Бог ви дал многу благослови и ве издвоил со неизмерни можности и огромна сила, очекувајќи од вас самите да го откриете и да ги искористите благословите што ви се дадени со послушност кон Бога и со тоа да постигнете среќа на овој свет и ахирет.