КОМПАНИЈАТА „ЕКЛЕКТИК“ РЕАЛИЗИРАШЕ АКЦИЈА ЗА ПОШУМУВАЊЕ ВО ПЕХЧЕВСКО

КОМПАНИЈАТА „ЕКЛЕКТИК“ РЕАЛИЗИРАШЕ АКЦИЈА ЗА ПОШУМУВАЊЕ ВО ПЕХЧЕВСКО
март 24 17:08 2024

Вработените во компанијата „Еклектик“ заедно со ангажираноста на вработените од ПШС ” Равна Река” од Пехчево, во текот на вчерашниот ден реализираа пошумување на 4 000 садници Дуглазија на опожарена површина ШСЕ “Буковик Бајаз Тепе”.

„Еклектик“ како одговорна компанија, која со свој придонес помага во најразлични области, со оваа акција покажува и става посебен акцент за грижа на животната средина, особено во Малешевијата, каде што пред неколку години, големи шумски предели беа опустошени големите пожари во овој регион.

Како што велат од компанијата, тие не застануваат тука. Следниот период следуваат повеќе вакви акции за пошумување, во најразлични делови во Берово и Пехчево.

Ова нека биде пример за сите компании и граѓани, бидејќи должни сме да придонесеме за поздрава и поквалитетна животна середина, должни сме да ги обновиме нашите Малешевски шуми, за самите нас и за идните генерации.

Големо браво за „Еклектик“

  Категории: