ЕКИПАТА НА АРМ СЕ ШАМПИОНИ НА РАБОТНИЧКИТЕ СПОРТСКИ ИГРИ

ЕКИПАТА НА АРМ СЕ ШАМПИОНИ НА РАБОТНИЧКИТЕ СПОРТСКИ ИГРИ
март 14 23:00 2024

Со победа во изведување пенали тимот на АРМ во финалето беше поуспешен против екипата на ДИК Фагус, со што успешно се заокружени Работничките спортски игри 2024 година, во Берово.

Пред преполна сала публика, во една возбудлива и неизвесна атмосфера, се играа следниве натпревари:

-За трето место

од 18: 00 Образование и Приватни фирми 5:2

-Во финале

од 18:30 ДИК Фагус и АРСМ 0:0, на пенали 4:5

По завршувањето на натпреварите, за најдобрите екипи, градоначалникот Пекевски ја имаше честа, да ги додели пригодните награди, а беа прогласени и најдобар играч , стрелец, ветеран, најдобар голман на игрите и најфер екипа.

За најдобар играч : Ахмет Халитов

За најдобар стрелец : Ерол Пилов

За најдобар голаман : Виктор Цоцовски

За ветеран на игрите : Фахрудин Мустафов- Динац

За најфер екипа беше прогласена екипата на ДИК Фагус.

Благодарност до Жито Малеш АД Берово и Ресторан Берлина Берово, кои по завршувањето на финалето, беа покровители на заедничка дружба за учесниците и пригоден коктел.

Благодарност до сите учесници на Работничките спортски игри 2024 година, а посебна благодарност до сите, кои се вклучија во организацијата на истите.

Работничките спортски игри, имаат за цел, да го подигнат спортскиот дух во Берово, да се унапредува соработката на институциите на локално ниво и заеднички да се дружиме и забавуваме.

  Категории: