Се повеќе граѓани од Пијанец и Малеш ги применуваат мерките за енергетска ефикасност и штедат пари. Тоа го покажала и анкетата спровдена на 1000 испитаници во Делчево и Пехчево,во рамките на проектот „Кампања за енергетска ефикаснoст на објекти во микрорегионот Пијанец-Малеш“.
Проектот е финансиран од ЕУ, а го имплементираат Регионалниот центар за застапување од Делчево и НВо Амброзија од Пехчево во партнерство со НО- Милеуконтакт, Коцка и Фронт.