ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕКЕВСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ПОПОВОД ПРАЗНИКОТ КУРБАН БАЈРАМ

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕКЕВСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ПОПОВОД ПРАЗНИКОТ КУРБАН БАЈРАМ
јули 09 17:35 2022

До сите верници од муслиманска вероисповед, упатувам,срдечни честитки по повод Курбан Бајрам – празникот на хуманоста, грижата кон другите и солидарноста.Нека овој празник донесе благосостојба за сите и нека има мир во сите Ваши домови и семејства и да создаде радост во сите домови.Љубовта и грижата за најблиските нека бидат поттик за среќа на сите нас и низ соживот и толеранција, да продолжиме да градиме едно општество за сите.

Да ја негуваме меѓусебната доверба, разбирање и дијалогот, нашата взаемна толеранција како вистински патишта до изграден мир, соживот и среќа во кои сите ќе уживаме.Честит Курбам бајрам, со желби за здравје, среќа и благосостојба!